Каква е улогата на бабата и дедото во развојот на детето?

Дружењето и контактот помеѓу внуците со бабата и дедото е од голема важност. Овaa врска може да зависи од физичката подготвеност, но и од семејните односи.

ulogata-na-babata-i-dedoto-vo-razvojot-na-deteto-03.jpg

Доколку семејниот односот е континуиран и позитивен, влијанието на бабата и дедото може да биде продуктивно и корисно за децата. Доколку, пак, на односот му недостасуваат љубов и емоции, тоа ќе нема длабоко влијание врз внукот.

Постојат и родители кои сметаат дека се доволно ангажирани околу своите деца, па односот со бабата и дедото на детето го прават површен, а средбите најчесто се сведуваат на важни прилики, како родендени.

Но, бабата и дедото отсекогаш имале навистина важна улога во семејниот живот. Во последно време, овој однос се засилува поради натрупаните распореди на родителите.

Односно, бабите и дедовците повторно почнуваат да преземаат поголема одговорност за своите внуци. Сè почесто се грижат за нив бидејќи родителите работат подолго и подолго.

ulogata-na-babata-i-dedoto-vo-razvojot-na-deteto-01.jpg

Поради ова, неминовно е бабите и дедовците да добијат поголема улогата во одгледувањето на детето. Додека се доенчиња или премногу мали, децата не чувствуваат некоја разлика во врска со тоа кој се грижи за нив. Но, кога се на возраст во која се развива нивната свест, можно е да се појават одредени последици.

Имено, на одредена возраст, децата можат да почнат да се двоумат во врска со тоа кој точно треба да го слушаат и на кого можат да му поставуваат прашања бидејќи сепак, нивните родители се помлади од бабата и дедото.

Бабите и дедовците можат да им помагаат на внуците и во училишните обврски доколку имаат знаење. Истовремено, можат со нив да ги споделат нивните вештини во слободните денови.

Сè додека се знае границата помеѓу родителите и бабата и дедото, ситуацијата е под контрола. Но кога бабата и дедото мораат да ја преземат целата одговорност за одгледување на внуците, односот помеѓу двете генерации може да прерасне во партнерство.

Бабите и дедовците неретко имаат прекрасни односи со своите внуци, исполнети со позитивни емоции. Тие ги гледаат како растат, ги учат и сакаат да бидат дел од нивните животи. Сепак, родителите не треба да очекуваат премногу од нив.

ulogata-na-babata-i-dedoto-vo-razvojot-na-deteto-02.jpg

Бабите и дедовците често чувствуваат дека мораат да ги исправат грешките што ги направиле при одгледувањето на сопствените деца, па го прават тоа додека се грижат за внуците.

Но ова често може да предизвика двосмисленост, па затоа најдобро е главниот збор да го имаат родителите. Имено, бабите и дедовците ќе се чувствуваат помалку одговорни ако прават нешто по свое.

Приврзаноста на родителите е од голема важност за емоционалниот развој на децата, но тоа не значи дека приврзаноста за бабата и дедото е помалку важна. Доколку односот помеѓу внуците со бабата и дедото е здрав, задоволството ќе биде обострано.

Сепак, бабите и дедовците се во позрели години, па не се соочуваат со преголем стрес, немаат толку многу обврски и имаат повеќе време да ги слушаат и да се дружат со нивните внуци. Не треба да се заборави дека тие се многу поискусни и можат да ги споделат нивните животни и семејни вредности со внуците.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...

Најчитани неделава