Нашето дивеење се нарекуваше невоспитување, денешното е нескротлива креативност

Некогаш се радувавме на обична гума и моливче, на смоки и евтино чоколатце. Денес децата не можеш да ги израдуваш апсолутно со ништо.

Naseto-diveenje-se-narekuvase-nevospituvanje-01.jpg

Не останаа изненадувања, ниту неисполнети желби. Модерните деца се најтешката публика за освојување, ништо не им е интересно, на ништо не се радуваат ниту пак се воодушевуваат.

Некогаш децата сами си ги решаваа караниците, со кавги, со тепачки и „ферки“. Денес родителите ги водат овие битки за нив. На првото „се степав со другарчето“ одат да ја бараат правдата, да се тепаат со другите родители во обидот да се докаже чие дете е виновникот, наоружани со закани за тужба, адвокати и полиција.

Некогаш игравме на улица. Денес се игра пред компјутер. Некогаш јадевме лепче и домашен мармалад. Денес се јаде безглутенски леб со намаз од авокадо.

Некогаш знаењето таблица напамет пред да се тргне во основно училиште беше успех. Денес цртањето на круг со слободна рака на 5 години е причина за прогласување мал генијалец.

Некогаш нашето дивеење се нарекуваше невоспитување. И се казнуваше со шамарче. Денес тоа се нарекува нескротлива креативност и се наградува со модерни психологии кои тврдат дека на детето не смее да му фали влакно на главата, иако те тероризира и те третира како слуга.

Некогаш, сè што сакавме е да останеме вечно деца. Денес сите деца брзаат да пораснат и да бидат возрасни.

Некогаш имавме детство. Имавме безгрижност, имавме насмевки, имавме плитки џебови, но големи соништа, имавме 2 џамлии и бескрајна фантазија.

Денес имаме органско, антибактериско, пластично, сувопарно, безглутенско, имаме технологија, автомобилчиња на вистински акумулатори, нула имагинација и бескрајна досада.

Некогаш се расправавме дали е појак Химен или Бананамен. Денес децата се расправаат кој политичар е во право...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...

Најчитани неделава