Моето бебе никогаш нема да спие меѓу нас: Секое „НИКОГАШ“ што го реков и пресеков откако станав мајка

Сигурна сум дека пред да станеш мајка си имала некаква замисла за тоа каква ќе бидеш во улогата на родител. Што ќе им дозволуваш на децата, а што не, кога ќе попуштиш, а кога ќе стиснеш заби, кога ќе кажеш НЕ, а кога ДА, и како до последниот атом ќе останеш доследна, доследна, ДО-СЛЕ-ДНА!

Sekoe-nikogas-sto-go-rekov-i-presekov-01.jpg

А тогаш стануваш мајка и оп!–толку многу изговорени „никогаш!“ паѓаат во вода. Ова е искрена приказна за секое мое „НИКОГАШ“ кое го реков, па пресеков:

„Никогаш нема да дозволам детето да спие со нас, а недај боже мажот да прејде да спие во дневната соба!“

Додека не станав мајка, постојано вртев со главата на сите приказни за капитулација на родителите кои го делат креветот со своето дете и громогласно коментирав како мене никогаш нема да ми се случи детето да го „исфрли“ мажот од спалната соба. Треба ли веднаш да напоменам дека животот го живеам токму според ова сценарио?

На почетокот се борев јуначки и после секое доење го враќав бебето во креветчето. Моето јунаштво траеше цели два месеци, по што прогласив пораз. Детето остануваше да спие во текот на целата ноќ помеѓу мене и сопругот. На почетокот се случи непромислено, ја ставив случајно помеѓу нас за да не си го скратам сонот. И конечно можев да кажам дека спијам, колку-толку. Пирова победа?

„Никогаш нема да ги навикнам децата да се успиваат со нишкање. Има бре да научат сами да се успиваат!“

Си се смеам самата на себе. Не само што ги нишкав за успивање, туку нишкав и бебе од 6 килограми, па дури и дете од 15.

„Никогаш нема да трчам по децата со лажица во раката“

Во ова „никогаш“ бев убедена долго време. Но, еве ме како трчам со лажицата, молам, уценувам, ветувам. Нудам мито и корупција за секое едно залче.

„Моите деца никогаш нема да гледаат цртани филмови додека јадат“

Паднаа јунаците, и машкиот и женскиот родител, некаде пред петтиот обид да излеземе во ресторан со нашето двегодишно дете. Да, да, си го прекршивме ветувањето. Пуштивме YouTube, ја најдовме Пепа Прасе. Го потпревме телефонот на чашата. И притиснавме play.

„Никогаш нема да им дадам да јадат слатки пред да наполнат две години“

Првиот контакт со благото, поточно со чоколадото, моето постаро дете го направи сосема случајно. Дедото ни беше на гости и оставил неколку редови чоколадо на сосема достапно место за едно и пол-годишно детенце (случајност?) Гледај, што е ова? Мх, мх, гриц, гриц. И отидоа 2 реда чоколадо, однесени како со рака. Отиде и нашето „никогаш“ кое го тврдевме во однос на слатките.

„Моето дете никогаш нема да вика во ресторан, во супер маркет, на улица…“

Морам да признаам дека често пати сум била шокирана пред глетката на дете кое вика на јавно место, убедена дека се работи за преголема разгаленост и грешки од страна на родителите.

Ооо, простете ми вие случајни родители што ве осудив на правдина.

Тантруми. Збор што го научив, и покрај сите книги што сум го прочитала, на возраст од 31 година. Збор што ме носи, како еден вид на издржливост, до оние заборавени и во минатото фрлени сцени на некои други родители таму, кои преку забите и киселата насмевка, се обидуваат да ги фатат сите топки и да го балансираат нивниот здрав разум како жонглер на тенко јаже поставено на од 50 метри над земјата.

Сега би ги гушнала и би им рекла: „Разбирам. Не грижи се, ќе помине. Не сте сами!“

Колку пати сте рекле „НИКОГАШ“ како родител и сте се покајале за кажаното?

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg