Отворено писмо до мојата ќерка: Како тоа што ти станав мајка ме промени засекогаш?

otvoreno-pismo-do-mojata-kjerka-kako-toa-shto-ti-stanav-majka-me-promeni-zasekogash-01.jpg

Мила ќерко, ти благодарам што ме направи горда мајка.

Ме научи на љубов која е поголема од секоја друга.

Ги сакав моите родители, моите баба и дедо и целото семејство. Го сакав мојот сопруг. И по сите тие години давање и добивање љубов од другите, мислев дека не постои нешто поголемо од тоа.

Потоа на светот дојде ти, те запознав и чувствував како сè што мислам дека знам за љубовта, се распаѓа на илјадници парченца.

Љубовта на која ти ме учеше ме обземаше – а, дојде во форма на неочекувана жестока потреба да те заштитам, која не знаев дека може да постои. Ти благодарам што ме научи дека постои таква љубов.

Научив што значи да се биде несебична во вистинска смисла на зборот.

Седев на кревет бесна и гладна, но немав желба да се помрднам бидејќи конечно заспа по 1 час плачење.

Секоја ноќ се будев да те нахранам кога беше гладна, да се грижам за тебе и да те стуткам кога ти беше ладно или ти требаше да се галиш. Дури и ако сум заспала 30 минути пред да слушнам дека пак плачеш.

otvoreno-pismo-do-mojata-kjerka-kako-toa-shto-ti-stanav-majka-me-promeni-zasekogash-02.jpg

Резервиравме летови според твојот распоред на спиење, менувавме планови со пријатели ако времето не ни одговара заради тебе, се обидувавме да си ги усогласиме животите според тебе, некој период по твоето раѓање.

Кога почна да јадеш тврда храна, требаше само тажно да ме погледнеш со очињата додека џвакам и тоа беше доволно за да ти го понудам цело мое јадење. Но, тоа беше како дел од мојата диета...

Ме научи како е да ги ставиш целосно туѓите потреби пред своите, на подолг временски период. И ме направи посилна личност.

Научив дека независно колку си силен, некои работи ќе те скршат. И ќе ти биде потребна поддршка.

Никој не може сам да се бори во мајчинските битки. Хоророт кога имаш болно дете. Мракот на пост-породилната депресија. Бесконечните часови на нишкање расплакано дете кое се буди на секој час навечер.

Не можеш да го направиш ова сама. И не треба. Ќе останеш независна и силна дури и ако некогаш побараш помош. Сите бараме.

Тоа што станав твоја мајка ми овозможи да сфатам колку луѓе имам околу мене и да ја прифатам помошта со отворени раце.

otvoreno-pismo-do-mojata-kjerka-kako-toa-shto-ti-stanav-majka-me-promeni-zasekogash-03.jpg

Ти стана причина за моето постоење.

И претходно сум имала активности и хобија во кои сакам да се „изгубам“. Сум читала книги толку добри што не сум сакала да ги оставам. Сум имала работи со кои сум се опседнувала.

Но, кога ти станав мајка, во мене се роди нов вид на опсесија – и научив дека можам целосно да се фокусирам и обземам од нешто што не ме става мене во фокусот.

Постојаното проверување дали дишеш, уморот од менување пелени, успивање, хранење и грижењето за тебе и твојата среќа ми стана најважно нешто.

Иако не беше забавна и лесна фаза да се надмине, тие тешки денови на почетокот ме научија дека можам да бидам 100% фокусирана на нешто или некој друг освен себеси – без никаква лична корист зад тоа.

Научив да си го сакам мајчинското тело и не се грижев за тоа како изгледам.

Секогаш се борев со последните 3-5 килограми. Со години го поминував слободното време во вежбање и диети за топење на килограмите кои постојано ги враќав.

Откако останав бремена и почнав да те дојам, почнав повеќе да размислувам на твојата исхрана и добро здравје.

Ако мораше да јадам повеќе, јадев. Ако ми се јадеше, јадев. Не се грижев за тоа дали уште изгледам како трудница и откако се породив. Не почнав да вежбам по 5 недели за да се вратам во форма.

Ти благодарам што ме научи колку е прекрасно женското тело и што ми помогна да се чувствувам покомотно во својата кожа.

otvoreno-pismo-do-mojata-kjerka-kako-toa-shto-ti-stanav-majka-me-promeni-zasekogash-04.jpg

Ти ми го промени погледот на светот.

Секоја одлука што ја носам откако ти станав мајка, секогаш те има тебе во фокусот. Што е најдобро за тебе.

И сега, уште се двоумам дали да ги прифатам сите бизнис патувања каде вредноста на моето присуство не е поголема од вредноста на моето присуство на ручек со тебе, на настан за тебе или активност со тебе.

Ме „натера“ да се преиспитам дали кариерниот пат по кој се движам е она што навистина го сакам на долгорочен план. Сега не сум само јас таа за која треба да се грижам. Ти си ми приоритет, како и твоите потреби.

Правам безбедни избори бидејќи знам дека не морам да се вратам дома само за да се одморам или да не правам ништо, туку морам да дојдам дома и да бидам твоја мајка.

Тоа што ти станав мајка ме промени на милион начини, а за повеќето од нив верувам дека се позитивни. Ништо во мојот живот не резултирало со толку целосна и позитивна трансформација.

Ти благодарам што ме направи подобра. Ти благодарам што ме направи мајка.

Те сака,

Мама.

Извор | Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg