Креативна мајка прави неверојатни костими, маски и играчки за своите деца од картонски кутии

Алисија Браун е навистина креативна мајка, која живее во Мелбурн со нејзиниот партнер и нејзините синови.

kreativna-majka-pravi-kostimi-igrachki-i-maski-za-svoite-deca-od-kartonski-kutii-01.jpg

Како што вели самата, во мајчинството има многу љубов, а нејзиниот омилен дел е тоа што може да прави секакви работи за нејзините деца.

„Животот станува подобар кога ќе видам дека лицата на моите деца огреваат во насмевка кога ќе направам нешто специјално за нив.“

Алисија почнала да прави костими и играчки за нејзините синови кога сфатила дека биле премногу скапи. Тогаш си помислила дека таа самата може да ги прави.

Оваа креативна мајка работи со картон бидејќи е речиси бесплатен, но и бидејќи не сака да фрла кутии кои биле во одлична состојба.

„Во картонот има многу повеќе од само една употреба. Сè што треба е само малку имагинација. Правам и други работи што не се од картон, но изгледа секогаш му се враќам него.“

Алисија сакала да им помогне на своите деца да создадат „магични сеќавања“ и да им помогне да ја ослободат нивната имагинација.

„Се надевам дека кога ме гледаат како ги правам овие нешта за нив, им помагам. Би сакала да правам многу повеќе за нив, но очигледно, како и другите родители, тешко ми е да најдам време.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава