5 типови на „токсични мајки“ и како тие влијаат на ќерките

Темата за врската помеѓу мајката и ќерката е сè уште многу чувствителна и не се зборува многу за животот на возрасните жени, чии мајки сè уште се обидуваат да им го контролираат животот.

Nitu edna vrska na majka i kerka ne e sovrsena Ova se 5 tipa toksicni majki 01

Во таквите односи, ќерките знаат дека на нивните мајки им е потребна, љубов, но во нивното друштво се чувствуваат непријатно и го чекаат следниот испад на понижување.

Возрасните жени во такво опкружување често имаат чувство на вина и потреба да се извинат за сè, да се перципираат себеси како помалку вредни, недостојни за љубов и таквите верувања го обликуваат нивниот секојдневен живот.

Ниту една врска на мајка и ќерка не е совршена. Но постојат навистина деструктивни односи кои го отежнуваат животот, особено за ќерките.

Ова се 5 типови на „токсични мајки“ и како тие влијаат на ќерките:

Лута мајка

Мајката користи гнев за да го заплаши своето дете и да го замолчи. Идејата зад ова однесување е: ти давам сè и не смееш да бараш повеќе од тоа, а камоли да бидеш незадоволна.

Мајката го прикажува својот гнев како оправдан и бара нејзината ќерка да го почитува тој гнев. Лутината не мора да се изразува преку врева, но тонот на гласот, или говорот на телото што укажува на гневот на мајката, е доволен.

Мајка што сака да контролира

Мајката ја гледа слободната волја на детето како нешто што треба да се скрши и да се спречи уште во почеток. На пример, таа ѝ кажува на ќерката како да се облекува, како да се однесува, како да размислува, со кого да се дружи и слично.

Пораката во заднина е: не е важно она што го сакаш, затоа што треба да бидеш она што јас сакам да бидеш. Мајката ја контролира својата ќерка преку идејата: почитувај ја мојата волја или трпи ја мојата критика.

Жените кои растат со такви мајки честопати немаат доверба во себе и својот избор, затоа што пораснале со идеја дека нивниот суд е безвреден.

Nitu edna vrska na majka i kerka ne e sovrsena Ova se 5 tipa toksicni majki 02

Нарцисоидна мајка

Со цел да ја зајакне својата слика за себе, нарцисоидна мајка бара нејзината ќерка да биде нејзино огледало што ќе го велича нејзиниот имиџ. Таквата мајка поставува високи стандарди за нејзината ќерка, што се многу тешки за достигнување.

Мајката очекува нејзината ќерка да блеска, но не повеќе од неа.

Мајка што занемарува

Занемарувањето се протега од недостаток на интерес за детето до суровост кон детето. Најчесто ваквото однесување оди заедно со депресија и зависно однесување.

Мајка што занемарува може да биде физички присутна, но без да обрнува внимание на детето, да покаже интерес и слично.

Честопати ќерките на таквите мајки ја преземаат одговорноста за расположенијата на мајката. Пораката што мајката ја испраќа е: прифатете дека не можам да бидам одговорна за вас и вашите потреби.

Nitu edna vrska na majka i kerka ne e sovrsena Ova se 5 tipa toksicni majki 03

Завидлива мајка

Завидливите мајки не ги слават достигнувањата на своите ќерки, и покрај тоа што многу се трудат да ги направат своите мајки горди. Но кога нивните ќерки нема да успеат, се радуваат на нивната мизерија.

Додека растат, тие добиваат нејасни пораки и не знаат што се очекува од нив. Се обидуваат да ги достигнат стандардите поставени од нивните мајки, но кога ќе ги достигнат, се враќа гневот на мајката, бидејќи успеале.

Таквите жени честопати мислат дека не се доволно добри и успешни, а во реалноста се премногу добри и успешни, поради што нивните мајки се завидливи.

Пораката што мајка ми ја испраќа е: ќе те сакам само ако ги развиеш вештините и талентите што не ме загрозуваат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава