Што сакаат денешните, модерни, 10-годишни деца од Дедо Мраз?

Нема дете, па макар и возрасен, што не им се радува на божиќните и новогодишните празници. Сепак, ова е период кога минуваме време со семејството, го украсуваме домот, јадеме вкусни оброци и воглавно, сите сме среќни.

10-godishno-devojche-so-najgolemata-lista-so-zhelbi-do-dedo-mraz-01.jpg

А, можеби најдобриот дел од овој период од годината се подароците. Додека на родителите чии деца сè уште веруваат во Дедо Мраз им е лесно да ги излажат зошто не го добиле посакуваниот подарок, кај оние со постари деца, приказната е поразлична.

Неодамна, еден татко решил да ја сподели листата со желби на неговата ќерка.

10-godishno-devojche-so-najgolemata-lista-so-zhelbi-do-dedo-mraz-04.jpg

10-godishno-devojche-so-najgolemata-lista-so-zhelbi-do-dedo-mraz-05.jpg

Ова 10-годишно девојче направило толку долга листа со подароци и желби, што би биле потребни 10 Божиќи за да добие сè. На таткото не му се верувало што видел, па ја споделил листата на Twitter.

Еве што содржи целата листа:

- iPhone 11

- AirPods слушалки

- Зајак

- Нов MacBook Air лаптоп

- Шише за вода Hydro

- Облека

- Шминка

- Розови Puma патики

- Gucci влечки

- Chanel чанта

- Парфем

- Есенцијално масло

- Автомобил за кукли

- Обетки/накит

- Vans патики

- GoPro камера

- Розова самолеплива лента

- Боја за храна и детергент за алишта

- Облека за зајакот

- 4.000 долари

- LOL кукла

- Нови чаршафи и прекривка

- Будилник

„Мојата 10-годишна ќерка очигледно не го знае нашиот божиќен буџет. Но, браво за нејзиниот скап вкус“, напиша зачудениот татко.

10-godishno-devojche-so-najgolemata-lista-so-zhelbi-do-dedo-mraz-03.jpg

Twitter заедницата забележала и нешто чудно за оваа листа. На шега, корисниците изјавија дека штом девојчето сака 4.000 долари и детергент за алишта, веројатно планира да се пресели од дома.

И иако нам ова ни е смешно, секој родител добро знае каква главоболка предизвикуваат нереалните детски желби.

Што побараа вашите деца оваа година од Дедо Мраз?

Извор

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...

Најчитани неделава