Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ако уште некој ми рече да уживам, ќе го удрам“ – Искрена исповед на мајка за третата бременост

Мајката и блогерка Ешли Вилкенинг на шеговит начин опишала како изгледа третата бременост.

ako-ushte-nekoj-mi-reche-da-uzhivam-kje-go-udram-iskrena-ispoved-na-majka-za-tretata-bremenost-01.jpg

Ешли е мајка на три деца и решила да ги спореди нејзините три бремености. Во првата бременост се грижела за себе и имала помош од сите, но во третата, ситуацијата била многу поразлична. 

Ова е текст во кој ќе се препознае секоја мајка, а целиот можете да го прочитате во продолжение:

Официјално сум бремена. Го знаев ова уште пред да ми потврди тестот за бременост. Ова е мојата трета бременост во нешто повеќе од три години и ми се чини како постојано да сум бремена. Некои жени сакаат да бидат бремени. Јас? Не, сигурна сум во тоа.

Ако само уште една личност ми рече да уживам во бременоста, ќе ѝ удрам шлаканица.

Како некој ужива во бременоста? Твоето тело не е твое и веќе не си во можност да го искусиш најдоброто во животот. Се очекува да следиш долга листа на правила и прописи. Алкохол? Суши? Не. Кофеин? Само умерено. Риба? Одредени видови се прифатливи.

Сите добри лекови се надвор од ваш дофат. Листата продолжува и продолжува… Покрај тоа, толку сум зафатена трчајќи по двете мали деца, што не можам ни да пробам да уживам во бременоста.

Прва бременост – сите те разгалуваат, одмараш. Така ново. Така слатко. Така возбудливо. Сите те разгалуваат, ти даваат комплименти и ти кажуваат колку сјаеш. Те охрабруваат да одмориш. Никој не ти дозволува да мрднеш со прст од страв дека ќе претераш. Ја следиш бременоста со сите апликации. Знаеш точно во која недела си и со кој плод можеш да ја споредиш големината на твоето бебе. Не можеш да си помогнеш, но се гледаш во секое огледало и се надеваш дека ќе видиш како расте твојот стомак.

Втора бременост – во гужва си бидејќи се грижиш за постарото дете! Луѓето уште се грижат за тебе, но не колку првиот пат. Понуди за помош сè уште има, но сè помалку. Во гужва си бидејќи се грижиш за првото дете, но сепак наоѓаш и време за себе. Малку ти е тешко да го скриеш трудничкото стомаче, сега расте побрзо од првиот пат. Твојата возбуда наскоро се претвора во исцрпеност. Секоја бременост, горе-долу се сведува на истото и веќе никој не обрнува внимание на твојот стомак кој расте. Како да е трајно поврзан со тебе.

Трета бременост – каде се сите по ѓаволите? На никој не му е грижа. Нема семејство и пријатели, целосно исчезнале. Иако сега ти треба помош повеќе од кога било, понуди нема. Немаш време за себе и не надевај се дека ќе спиеш. Премногу си зафатена бидејќи трчаш по двете мали деца и го одржуваш својот живот. Единствената опција ти е да продолжиш понатаму. Кога некој ќе те праша кој месец си, не знаеш, но некако успеваш да се сетиш на терминот, па го кажуваш тој датум. Ако стварно сака да знае, нека пресметува. Бременоста се гледа од самиот почеток. Сте ги изгубиле сите функции на мочниот меур, постојано мораш во тоалет, се смееш, но само затоа што мораш.

Крај на третата бременост – веќе не ми е грижа како изгледам. На крајот од третото тримесечје изгубив волја да се грижам за себе. Воопшто не ме интересираше како изгледам. Ако ме собира облеката, ќе ја носам. Сè ми изгледаше одлично. Влечките се модерни. Лесно се облекуваат и не губам енергија.

Има многу работи што не сакам да ги носам бидејќи ми се малку тесни. Веројатно сум ја носела истата облека неколку дена. Удобна е и не морам да одбирам. Повторно, не ми е грижа. А, мојата коса? Не можам да се сетам кога последен пат ми била пуштена. Засекогаш неуредно опавче, но не она модерното. Повеќето денови косата ми изгледа како куп мртви животни на главата.

Верувам дека кога еден ден ќе погледнам фотографии од овој период, ќе ми биде жал што не сум се трудела повеќе. Но, сега за ова не ми е грижа.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg