8 причини зошто раѓањето на дете нема да ви ги реши проблемите во бракот

Колку и да е популарно мислењето дека детето ќе ги реши проблемите помеѓу партнерите, само размислете каква тежина му ставате на рамениците уште пред да се роди.

8-pricini-zosto-ragjanjeto-na-dete-nema-da-vi-gi-reshi-problemite-vo-brakot-01.jpg

Зошто не е најпаметно проблемите во врската или бракот да ги решите со бременост?

1. Приоритетите никогаш повеќе нема да ви бидат исти

Ако сега главниот проблем е недостатокот на време, посветеност, финансии или внимание, зошто мислите дека тоа ќе се промени со дете?

2. Ќе имате помалку време за вас и помалку време за разговори

Проблемите се решаваат со комуникација, а кога детето ќе дојде, времето за себе и времето за разговори во пар ќе биде намалено поради обврските. Па, ако сега не може да се разберете, како ќе разговарате тогаш?

3. Ќе развиете перцепција дека едниот се грижи помалку од другиот

Посветеноста на детето може да создаде ривалство помеѓу родителите, па тоа кој направил помалку, а кој повеќе, сериозно може да го наруши тимскиот поглед на работите ако врската не е стабилна.

4. Ќе имате повеќе недоразбирања

Бидејќи секако, имате нова заедничка тема за која одлучувате – дете.

8-pricini-zosto-ragjanjeto-na-dete-nema-da-vi-gi-reshi-problemite-vo-brakot-02.jpg

5. Таткото може да стане љубоморен на детето

Докажано е дека во многу случаи по раѓањето на детето, без оглед на неизмерната љубов кон него, кај таткото се јавува љубомора бидејќи веќе не е приоритет.

6. Имате лимитирано време за одмор

Дневниот распоред со бебе е понапорен, а честите промени на пелени, преоблекување, хранење, ви го скратуваат времето за лично задоволство. Тоа неретко резултира со недостаток на трпение и иритантност, како и непромислени реакции.

7. Промените на хормоните се исто така можна причина за конфликти

Промената на хормоните во женското тело може да биде огромна, со оглед на тоа низ што поминува нејзиното тело. Па, логично е да се чувствува поранлива.

8. Ако врската е токсична, бебето е само сигурност дека никогаш нема да изгубите контакт со личноста

Ако сте во нездрава врска која мислите дека можете да ја „излечите“ со заедничка обврска, во случајов дете, се лажете. Детето е само сигурност дека никогаш нема да можете комплетно да се одвоите од личноста која е токсична за вас, а ќе биде и за него.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“ „Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете...

Најчитани неделава