GeoBoard - едноставна „направи сам“ сензорна играчка која значително ќе помогне во развојот на Вашето дете!

Ако Вашите деца се на возраст од 2 до 8 годинки и сакате да им овозможите автентична, корисна и интерактивна игра, ова е вистинскиот избор за Вас!

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-01.jpg

Дали се сеќавате на игрите од Вашето детство? Ние сме можеби последните генерации кои растеа во ерата пред квантниот развој на модерната технологија – растевме без YouTube, без смартфони и паметни телевизори, без таблети и електронски играчки. Но, веруваме дека ќе се сложите и заеднички ќе заклучиме дека сите овие модерни уреди воопшто не ни недостасуваа. Напротив, имавме допир со автентични и корисни играчки кои за разлика од денешните, многу повеќе ни помагаа за правилен раст и развој.

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-02.jpg

Вистинските последици од влијанието на модерната технологија во развојот на новите генерации сé уште се непознати, но не треба да бидеме доктори на науки за да заклучиме дека далеку покорисна е играта со автентични интерактивни и сензорни играчки, отколку „хипнозата“ која ја предизвикуваат монотоните повторувачки мелодии од детските YouTube канали.

Вистинските последици од влијанието на модерната технологија во развојот на новите генерации сé уште се непознати

Со овие заклучоци пред нас, сакаме да се потрудиме да вратиме барем дел од автентичните игри во детството на нашите најмили, со што ќе придонесеме за поквалитетен развој на нашите деца. Токму затоа, ги препорачуваме GeoBoard таблите – сензорни табли кои можете да ги купите или да ги изработите сами, а на Вашите деца ќе им помогнат во развојот на нивната фантазија, моторички способности, меморија, внимание, математички способности и просторно размислување.

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-03.jpg

Рачно изработената сензорна играчка ќе овозможи и развој на фината моторика, која е клучен фактор за развој на говорот, како и чувството за допир, рецепторите, логиката и креативното размислување – сето ова низ интерактивна забава и игра! GeoBoard таблите се вообичаено направени од 25 точки (5 х 5) кои детето ги користи за (со помош на ластичињата во разни бои) формира фигури, букви, бројки, геометриски облици или сето она кое може да го замисли. Вообичаено, со GeoBoard следува и тетратка со предизвици – цртежи кои претставуваат задачи кои детето треба да ги совлада.

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-04.jpg

Далеку покорисна е играта со автентични интерактивни и сензорни играчки, отколку „хипнозата“ која ја предизвикуваат монотоните повторувачки мелодии од детските YouTube канали

Доколку обврските не Ви дозволуваат да најдете време и да ја изработите сами, истата можете да ја порачате од Smart Kid по цена од 990 денари (со вклучена достава). Комплетот на Smart Kid вклучува GeoBoard табла, 25 ластичиња во различни бои, како и тетратка со предизвици (цртежи) и бланко шеми на кои ќе можете и Вие да му зададете предизвик на Вашето дете.

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-05.jpg

Инструкции за изработка на GeoBoard:

Потребно:

  • Електрична дупчалка (бормашина)
  • Бургија (8-ка)
  • Чекан
  • Линијар
  • Иверка – димензии 30х30 см, дебелина 16 мм
  • Дрвени нитни 25 парчиња (8-ки)
  • Лепак за дрво
  • Ластичиња

Одберете иверка во дизајн кој Ви се допаѓа на Вам. Препорачаната димензија е 30 х 30 сантиметри, а дебелината 16 милиметри. Поради безбедност на дечињата, најдобро е иверката да биде претходно кантирана со АБС трака. Со линијарот, измерете и одбележете позиции за дупчење во кои подоцна ќе се вметнат дрвените нитни – оддалеченоста помеѓу точките, како и оддалеченоста на точките од работ на иверката треба да биде 5 сантиметри.

Потоа, пристапувате кон бушење на отворите. Бидете сигурни дека Вашата бормашина има ограничувач на длабочината на бушење кој ќе го подесите на 1,2 до 1,4 сантиметри (за да не ја пробушите иверката). Откако ќе направите 25 отвори, во секој од нив внимателно капнете мала количина од лепакот за дрво.

Последен чекор е вметнувањето на дрвените нитни во отворите. Секоја од нив прицврстете ја со благи удари на чеканот и откако ќе завршите, веќе ја имате Вашата прва рачно изработена GeoBoard табла.

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-06.jpg

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-07.jpg

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-08.jpg

geo-board-ednostavna-napravi-sam-senzorna-igrachka-09.jpg

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава