За оние кои се дома со децата: предлог игри и активности (фото + видео)
Деновиве се препорачува да останете во вашите домови како би го спречиле ширењето на корона вирусот. Да не бидеме себични и да покажеме дека сме совесни.

Доколку ви требаат идеи и предлози како да го поминувате времето со децата, а во исто време да се забавувате ви даваме неколку предлози:
1. Деновиве времето ќе биде сончево и топло. Средувајте ја заедно терасата и подгответе ја за пролетната сезона.
Пребришете ги столчињата и масичката заедно, потсредете ги постоечките цвеќиња.

2. Подготвувајте оброци заедно. Направете заедно палачинки или пита. Вклучете ги децата во целиот процес. Ќе се забавувате и ќе уживате во подготовката.
Оваа активност им е забавна и на најмалите дечиња од после 1 годинка.

3. Соберете ги сите сложувалки кои ги имате и направете си натпревар во сложување.

4. Направете замок или куќичка во домот. Користете перници, столчиња, ќебиња, кутии. Импровизирајте и потоа имајте активности во куќичката.

5. Читајте приказни заедно, бојте, цртајте, изработувајте предмети од хартија. Научете да правите оригами.
6. Игри со вода. Наполнете ја кадата и уживајте во долго бањање. Или наполнете леген со вода, бањајте ги играчките, прскајте се, уживајте во играта, а потоа и во бришењето на домот заедно.

7. Играјте криенка. Кријте се на најскришните места во домот.

8. Играјте сокриено богатство. Сокријте работи кои детето ги сака и давајте му насоки каде треба да ги бара. Помогнете му во барањето.

Уште предлози на следната страна...
Би можело да ве интересира:
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м...
„Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр...
„Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации
Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“
„Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Децата не знаат за предрасуди, ги учат од нас
Кога ќе се родиме, ние сме најчистите суштества на планетата. Родени од љубов и ...
Една грешка што родителите ја прават – зошто не треба да ги покривате децата со пешкир кога ги вадит...
Дали и вие кога ги вадите децата од базен веднаш ги покривате цели со пешкир за ...