Совети за мајки и татковци кои се убедени дека се лоши родители

Воопшто не е лесно да бидете родител, особено ако постојано се обидувате да бидете совршена мајка или совршен татко.

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-01.jpg

Но, јасно е дека никој не може да биде совршен. Сите правиме грешки, дури и кога даваме сè од себе за да ги избегнеме.

Ако сте цврсто убедени дека сте лош родител, има начин да го промените тоа со следниве совети:

Бидете свој адвокат

Ако се соочувате со чувство на вина поради некоја постапка со детето, на лист хартија запишете што ве тера да мислите така.

Можеби вашето дете го оставило велосипедот на улица, а вие сте му го повишиле гласот, па сега се чувствувате лошо. Но, најверојатно нема причина за чувство на вина.

Откако ќе запишете што се случило и добро ќе ја анализирате ситуацијата, ќе сфатите дека не сте лош родител, туку дека понекогаш мора да бидете построги.

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-02.jpg

Игнорирајте ги другите

Повеќето родители се соочиле со некаква критика за нивното родителство. Најчесто овие коментари ги дофрлаат блиските луѓе, како родители, партнери, роднини …

Воглавно ова се случува кога детето е немирно, па родителот смета дека тој е виновен за однесувањето. Но наместо да се фокусирате на туѓите забелешки, најдете ја причината за однесувањето на вашето дете и решете го проблемот.

Ова е многу поважно од мислењето на другите.

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-03.jpg

Научете го детето да презема одговорност

Дали се обвинувате себеси затоа што детето сака да игра многу видеоигри? Дали сметате дека вие сте виновни за ниските оценки на детето бидејќи не му ги пишувате домашните?

Во овој случај, вие преземате одговорност за однесувањето на детето. Со ова, не му дозволувате самото да ги искуси последиците од неговите постапки.

Затоа, дозволувајте му на детето да презема одговорност и контрола. Истовремено, натерајте го само да ги извршува своите обврски, без да чека на вас.

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава