„После 19.30 часот не постојам за вас“ – мајка искрено проговори за растењето на 6 деца, ја обвинија дека е мрзелива

На социјалните мрежи честопати добива многу негативни коментари во врска со начинот на кој ги расте своите деца, но таа не им обрнува премногу внимание, бидејќи самата знае колку е тешко да имаш 6 деца.

Posle-19-30-casot-ne-postojam-za-vas-01.jpg

Констанс Хол живее во Австралија, мајка на 6 деца, која самата признава дека поради многубројното семејство морала да смени некои навики и да ги намали домашните обврски.

На својот Фејсбук профил таа објаснила кои работи ги сменила во врска со грижата за децата и како го намалила времето за извршување на домашните задачи.

Мајката која очигледно не се плаши од осуди открила дека миењето садови ѝ е најомразената домашна обврска.

„Им кажувам на децата да јадат со рацете. Честопати на масата ставам само две чинии – едната со зеленчук, другата со месо“.

Таа исто така тврди дека најлесно е да отиде на пикник со своите деца отколку да готви огромен ручек или вечера за своето семејство. Констанс признала дека ги бања своите деца само 3 пати неделно и дека прескокнувањето на туширањето нема да ги убие.

„Не мора да се тушираат ниту да се бањаат секој ден. Тие честопати ја прескокнуваат оваа рутина за да работите течат побрзо. Јас само им велам: добро смрдливко, оди на училиште и смрди им на другите“.

Што се однесува до облеката на децата, таа само ја пере, а потоа ја става во кошници со различни бои, па секое дете си ги наоѓа алиштата според бојата на својата кошница. Таа вели дека доколку децата сакаат да имаат уредна и испеглана облека, знаат каде се наоѓа пералната и сушилницата и тоа може да го направат самите.

Констанс открива дека како и секој родител и таа мора да има време за себе, а нејзиното е во 19 часот и 30 минути. После ова време од денот, сè што им треба на нејзините деца може да си го направат самите.

„Јас не сум ваша мајка, не сум тука и не сум вашата слугинка. Јас сум сега статуа на жена што ви го бришеше задникот пред еден час и сега пијам вино и разговарам со сестра ми“.

Таа ја сподели својата исповед на социјалните медиуми и напиша дека не ѝ е грижа што луѓето да ја нарекуваат мрзлива и неуредна.

Таа самата знае колку е тешко да се има шест деца под еден покрив и нема намера да се занимава со негативни коментари на луѓе што немаат идеја како е да се биде во нејзината кожа.

Дали се согласувате со овој начин на воспитување?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава