Зошто децата треба да веруваат во Дедо Мраз?

Дедо Мраз е неодминлив дел од сечие детство и така би требало да биде. Не ги кршете детските фантазии, бидејќи и онака траат прилично кратко.

zoshto-decata-treba-da-veruvaat-vo-dedo-mraz-01.jpg

Најубавите спомени, саканите подароци и Дедо Мраз се детали со кои дечињата си ги поврзуваат новогодишните празници.

Па, зошто Дедо Мраз е најдобрата и најкорисна лага која родителите треба да му ја кажат на детето?

Николина Лјепава, по професија психолог, на оваа тема за Blic Žena тврди:

„Истражуваањата правени на тема деца и Дедо Мраз, а верувале или не ги има многу, покажуваат дека последниве години многу повеќе родители им кажуваат на своите дечиња дека Дедо Мраз не постои.

Тоа се случува поради генерациската разлика во размислувањето и пристапот на родителството, но и поради тоа што децата се поинформирани од порано и родителите се плашат дека ќе бидат фатени во лага.“

zoshto-decata-treba-da-veruvaat-vo-dedo-mraz-02.jpg

Според Николина, различните бајки и приказни, во кои спаѓа и легендата за Дедо Мраз, го поттикнува развојот на апстрактното рамислување на дечињата.

Низ имагинарни ситуации и верувања во разни битија, децата ментално го вежбаат мозокот.

Дополнително, кога малку ќе потпораснат, тоа ќе им помогне да прават добра разлика помеѓу реалното и нереалното, решавањето на проблемите и развојот на креативноста.

„Дедо Мраз е одлика на праведност, добрина и љубов, такашто верувањето во него ја поттикнува дарежливоста и го намалува егоцентризмот,“ тврди Николина.

zoshto-decata-treba-da-veruvaat-vo-dedo-mraz-03.jpg

Сепак, мислењата за ова се поделени, па изборот на крај останува ваш што ќе одлучите да му кажете на вашето дете за Дедо Мраз.

Бонус - Најчестите прашања за Дедо Мраз чии одговори треба да си ги подготвите сами пред да му ја раскажете приказната на вашето детенце:

1. Како Дедо Мраз успева да го заобиколи целиот свет толку брзо?

2. Како ќе дојде до кај нас кога немаме оџак?

3. Како ирвасите летаат?

4. Како, иако е дебел, Дедо Мраз го собира низ оџакот?

М. Д. | Црнобело / Фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава