12 работи кои мислев дека ги знам за бебињата - пред да родам

Џесика Тејлор е мајка која пишува блог, но и за престижни медиуми како Huffington Post, Forbes i Scary Mommy.

12-raboti-koi-mislev-deka-gi-znam-za-bebinjata-pred-da-rodam-001.jpg

Откако на свет донела едно мало девојче, мајката-блогерка решила да направи листа од 12 работи кои верувала дека ги знае, но сепак не излегле како што мислела.

Пренесуваме во целост:

12 работи кои мислев дека ги знам за бебињата – пред да родам:

1. Породилното ќе биде убав одмор од работа

Вистина, не ми недостасуваат деловните повици, патувањата и средувањето секој ден, но ова не е одморот што го замислував. Сега работам по 20 часа дневно, без плата.

2. Ќе биде лесно да излезеш заедно со бебето

Освен што тоа вклучува 2 часа барање паркинг, менување на облеката 5 пати, склопување на количката како оригами и нинџа вештини.

3. Нема да ми треба толку многу помош

Сакам помош 24 часа на ден.

4. Веднаш ќе се заљубам во своето бебе

Мислам дека тука има инстантна необјаснива врска, но исто така мислам дека вистинската љубов доаѓа постепено, како што го запознавате вашето бебе.

5. Постпородилната депресија и емоциите се голема работа

Ако прво лесно се справите со тагата и очајот поради недостатокот на сон.

6. Заморот не е така лош како што сите раскажуваат

ПОЛОШ Е.

7. Брзо ќе бидам подготвена за да се вратам на работа

Да ги повториме потточките 5. и 6.

8. Лесно ќе се вратам во форма бидејќи не работам

Но, сега не само што немам време за вежбање, туку немам ниту енергија, ниту желба.

9. На мене нема да влијаат работите кои ќе ги прочитам онлајн

Ова можеби и ќе ви успее, ако 20 часа дневно не сте со бебето во раце и единствениот прозорец кон светот не ви е паметниот телефон.

10. Природно ќе бидам добра мајка

Можеби потајно сум, бебето е здраво и напредува, но непсрестанато се сомневам сама во себе.

11. Доењето ќе биде магично

Беше, но и не баш. На крајот, не беше најдобар избор за нас. И тоа беше тешко да се прифати, бидејќи опкружувањето некако ја избегнува формулата. Се изненадив како мајките-пријателки ме поддржаа, и на тоа сум благодарна.

12. Нема да ги прашувам другите мајки за совети и ќе го следам својот пат

Дозволете ми да ви кажам едно: Не би успеала без љубовта, насоките и советите од пријателите и семејството.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава