Бебе родено со оштетен слух го слуша гласот на мајка си за првпат по 6 недели – реакцијата е бесценета (видео)

6-неделно бебе кое се родило со оштетен слух, добива уред со кој за првпат има можност да го слушне гласот на мајка си, а радоста на неговото лице и реакцијата е непроценлива.

bebe-rodeno-so-oshteten-sluh-go-slusha-glasot-na-majka-si-za-prvpat-po-6-nedeli-reakcijata-e-besceneta-video-01.jpg

Харисон Рекс сега има две години, а за неговата состојба родителите дознале 14 часа откако се родил.

Родителите неуморно се бореле да пронајдат соодветен третман и деноноќно истражувале на интернет решенија за нивното синче да може да слуша и да зборува безгрижно, а кога имал 6 недели го добил своето апаратче за слух.

На британските медиуми вирално се споделува видеото кое родителите го снимиле од моментот кога детенцето за првпат го слуша гласот на својата мајка.

Бебето го држи неговата баба, а кога мајката ќе му се обрати на Харисон, тогаш новороденото момче почнува да се топи од среќа и радост.

Поврзаноста помеѓу мајката и детето е навистина магична, а ова видео е доказ за тоа:

Сега Харисон има веќе 2 години и зборува течно исто како и неговите врсници.

bebe-koe-ima-problemi-so-sluhot-go-slusha-glasot-na-majka-si-za-prvpat-reakcijata-e-besceneta-video-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава