Сурогат мајка родила бебенце за пар од Кина, но поради пандемијата не можат да го земат - таа го чува за нив една година

Наместо бебето да биде оставено по агенции за згрижување, Емили, која била сурогат мајка, одлучила да се грижи за бебето заедно со својот сопруг по молба од родителите од Кина кои не можат да допатуваат и да си го земат.

surogat-majka-rodila-bebence-za-par-od-kina-no-poradi-pandemijata-ne-mozhat-da-go-zemat-taa-go-chuva-za-niv-edna-godina-01povekje.jpg

Емили Чирслип (25) од Ајдахо на 18-ти мај 2020 родила девојче среде пандемијата. Таа била сурогат мајка за пар од Кина, кој поради рестрикциите поради пандемијата не можел да дојде и да си ја земе ќеркичката која Емили ја родила за нив.

Емили со сопругот Брендон, со кого имаат 2-годишен син, прифатила да го причува бебето 4 седмици, но ситуацијата се оддолжила и тоа е со нив веќе речиси цела година.

„Прво мислевме дека бебето ќе биде кај нас максимум 4 седмици, но се оддолжуваше периодот. Не знаеме до кога ќе биде точно, но таа сега кај нас е сакана и ние сме и сѐ во животот“.

Емили одлучила да биде сурогат мајка затоа што првата бременост со нејзиниот син ѝ била лесна. Таа сакала да им помогне на луѓето што не можат да имаат деца, но ѝ со добиената исплата за тоа да ги отплати своите студентски долгови и со сопругот да си купат поголем дом.

Првичниот план бил и родителите од Кина да бидат присутни на породувањето, но поради пандемијата не можеле да допатуваат од Кина во САД.

Тие ја замолиле Емили да ја чува нивната ќерка за да не биде оставена во некоја агенција за згрижување, а Емили е благословена што е во можност да им помогне во овие тешки времиња.

Иако била тешка одлука, таа и сопругот одлучиле да го направат тоа. Двајцата велат дека се обидуваат да постават некоја бариера во односот кон неа и постојано во главата им е тоа дека еден ден ќе мора да ја дадат, а нивна обврска е во оваа фаза од животот да ѝ дарат љубов и нега.

Фотки од семејството на Емили и ќеркичката на парот од Кина:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава