Мајка критикувана бидејќи го дои 3-годишниот син: „Ќе престанам кога ќе почне да оди во училиште“

Кога треба да се одбиваат децата од доење, тоа е подеднаков шок како за детето, така и за мајката. Некои мајки, од разни причини, сакаат што е можно подолго да ги дојат своите деца.

Majka-na-3-godishnoto-dete-mu-dava-da-cica-po-4-pati-dnevno-Kje-go-dojam-dodeka-ne-pochne-vo uchilishte-01.jpg

Така, 26-годишната Наоми Винфилд од Бирмигем им врати на сите што ја обвинуваат и ѝ велат дека треба да се засрами од тоа што сѐ уште го дои 3-годишниот син. Многумина, доењето на поголемо дете го оценуваат како погрешно.

Сепак, мајката вели дека доењето е чин на поврзување помеѓу неа и нејзиниот син Рио и дека ќе продолжи да го дои сѐ додека детето не почне да оди во училиште.

Како што пренесува The Sun, оваа мајка тврди дека доењето не само што ѝ помага во зближувањето со синот, туку и дека ѝ помогнало детето да не заврши во болница кога не сакало да јаде цврста храна.

„Досега сум забележала повеќе лоши отколку позитивни коментари. Луѓето им велат на нивните деца да не нѐ гледааат затоа што било 'гадно'. Многу луѓе велат дека син ми е многу голем за засекогаш да го дојам. Велат дека сум себична, затоа што тоа го правам заради себе и не можам да се соочам со фактот дека мојот син расте“, вели Наоми.

Таа посочува дека не го дои детето сѐ уште затоа што таа така одлучила, туку едноставно тоа така се случило. Ако Рио е вознемирен и треба да се смири, тогаш цицањето го смирува.

Majka-na-3-godishnoto-dete-mu-dava-da-cica-po-4-pati-dnevno-Kje-go-dojam-dodeka-ne-pochne-vo uchilishte-02.jpg

Инаку, Наоми го дои 3-годишниот Рио по 4 пати дневно, и покрај тоа што тој веќе јаде цврста храна, и вели дека тоа е нивни начин на поврзување откако биле разделени во текот на денот. Понатаму, нагласува дека ќе ѝ недостига да го дои детето откако тоа ќе почне да оди во училиште во септември годинава.

Наоми е на диета без млеко и млечни производи затоа што Рио е алергичен, а вели дека имало и денови кога тој не сакал воопшто да јаде цврста храна, па затоа морала да му даде да цица. Според неа, продолженото доење е сосема нормално.

„Мајчиното млеко е храна, но и љубов и удобност и знам дека тоа што му го давам е добро за него. Тоа е најприродната работа во светот“ - вели таа.

Majka-na-3-godishnoto-dete-mu-dava-da-cica-po-4-pati-dnevno-Kje-go-dojam-dodeka-ne-pochne-vo uchilishte-03.jpg

Инаку, лекарите во целиот свет препорачуваат интензивно доење во првите шест месеци од животот на бебето.

„Ексклузивно доење значи исхрана единствено и само со мајчино млеко најмалку во првите 4 месеци, а се препорачува во првите 6 месеци од животот, без додавање на друга храна или течности, вклучувајќи ја и водата.

Затоа, секоја мајка треба да се охрабрува, едуцира и поттикнува да го дои своето новородено дете најмалку 6 месеци (оптимално до 12 или 24 месеци)“ - се вели во Прирачникот за правилна исхрана на доенчињата и малите деца на Институтот за јавно здравје.

Некои мајки сметаат дека по првата година мајчиното млеко нема никаков посебен квалитет и дека е подобро да се престане со доење. Што мислите вие?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава