Млада девојка има 20 бебиња од сурогат мајки – најмува 16 дадилки и троши по 4.000 евра неделно за неопходни работи

Постојат двојки што сонуваат за големи семејства, па така оваа двојка решила да го оствари тој сон. Пред една година Кристина Озтурк била мајка на едно дете, а сега има 20 бебиња и сите се нејзини биолошки деца. Целта ѝ е како што вели, нејзиното семејство да има 100 деца.

Vo-edna-godina-dobila-20-bebinja-od-surogat-majki-Ima-16-bebisiterki-i-troshi-po-4000-evra-nedelno-za-neophodnite-raboti-01.jpg

Оваа 23 годишна мајка од Батуми, Грузија и нејзиниот сопруг, милијардерот Галип Озтурк (57) платиле 160.000 евра за сурогат мајки во последните 14 месеци.

Во моментов тие трошат по 96.000 евра годишно за 16 постојани бебиситерки што работат целодневни смени за да им помогнат во одгледувањето на децата.

View this post on Instagram

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)

Кристина која во моментов се грижи за вкупно 21 бебе вели дека не ја исклучува можноста да има уште деца. Таа по потекло е од Русија, а вели дека го запознала Галип кога за првпат била во посета на Батуми.

Vo-edna-godina-dobila-20-bebinja-od-surogat-majki-Ima-16-bebisiterki-i-troshi-po-4000-evra-nedelno-za-neophodnite-raboti-02.jpg

Кристина кога го запознала Галип, веќе била мајка на Викторија, која има 6 години, а во март минатата година го дочекале нивното прво дете родено од сурогат мајка, синот Мустафа. Таа на шега вели дека има омилено дете – а тоа е нејзиниот сопруг.

„Сонував за ова уште кога бев малечка. Мојот сопруг исто така сонувал да има големо среќно семејство. Така, откако се запознавме почнавме да си ги остваруваме соништата. Нашата романтична врска се промени, но и целиот живот ни се промени, не само романтичниот дел. Не сум сигурна дали сме најголемото семејство во светот, но планираме да бидеме најсреќното семејство во светот. Нашата клиника за сурогат мајки беше изненадена од нашите барања, но беа среќни да ни помогнат“ – вели таа.

Кристина посочува дека постојано е со децата и ги прави нештата што мајките вообичаено ги прават, но, за разлика од сите други мајки, таа се грижи за многу повеќе деца.

„Секој ден е различен, од планирање распореди за вработените до купување за моето семејство. Може да ви кажам една работа – деновите никогаш не ми се здодевни“ – вели таа.

Иако претходно користеле сурогат-мајки за да го прошират семејството, сепак Кристина не ја исклучува можноста повторно да остане бремена:

„Планирам да останам бремена, но не веднаш, затоа што сега морам да бидам со моите бебиња. Тешко е да се биде мајка на 21 дете и да бидеш бремена. Не планираме повеќе сурогат бебиња во блиска иднина“ – вели таа.

Инаку, Кристина во моментов се грижи за 20 бебиња на возраст од 4 месеци до 14 месеци. Како што вели,тие неделно трошат од 3.500 до 4.000 евра за основни работи за децата. Сите деца имаат сопствена облека, а понекогаш може да се менуваат за фотографии.

Во моментов семејството живее во куќа на три ката, а бебињата се сместени по три до четири во една соба. Таа вели дека откако ќе пораснат ќе размислат за тоа дали ќе доградуваат уште катови или ќе купат нова куќа.

Со оглед на тоа што некои луѓе не се согласуваат со нејзините одлуки, таа вели дека најважно е што нејзините деца се среќни и дека никој нема право да ѝ се меша:

„Ние не можеме да ги избереме родителите. Некои деца можеби не сакаат да бидат сами (деца). На луѓето што не се согласуваат со моите одлуки им велам: ‘Па не мора да имаш толку многу деца ако не сакаш, тоа е твој избор.’ Не мора да користите сурогат-мајки ако не сакате, тоа е ваш избор. Но ова е нашиот живот и наш избор“ – вели таа.

Инаку, Кристина и Галип на сурогат-мајките им платиле солидна сума од 8.000 евра по мајка, а нивните бебиситерки земаат по 500 евра плата.

Повеќе фотографии од Кристина и бебињата во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg