5 женски имиња за сите новогодишни бебиња

На девојчињата што ќе се родат во првиот месец од новата година можете да им дадете име поврзано со празничниот сјај и убавината на новогодишните и божиќните празници. Кои пет имиња можете да им ги дадете на девојчињата родени околу новогодишните празници?

5-zenski-iminja-za-site-novogodisni-bebinja-01.jpg

Ова е листа од неколку прекрасни женски имиња за сите девојчиња кои ќе се родат околу новогодишните празници:

1. Катарина

Се работи за име со грчко потекло, кое според една од многуте теории, го има значењето на „онаа која е чиста.“

2. Луција

Самото име има значење „светлост, сјај, јасност,“ па иако во минатото се користело за бебињата родени рано наутро, сега се поврзува со празничниот сјај.

3. Стела

Името е со латинско потекло и доаѓа од зборот stella – што значи ѕвезда.

5-zenski-iminja-za-site-novogodisni-bebinja-02.jpg

4. Николина

Именденот Свети Никола кој традиционално се слави во декември е извор на поврзувањето на ова име со празничната сезона.

5. Клара

Името Клара во превод значи „јасен,“ а Клара е и девојчето од Оревокршачка кое на Бадниковата вечер под новогодишното дрво наоѓа несекојдневен подарок – дрвен кршач за ореви.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Патување без деца? Да! Бевме со сопругот во Рим и ни беше како втор меден месец“ „Рим, само ние двајца. Чекавме 4 години. Четири години за да побегнеме од улогат...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава