Жена на 49 години добила две бебиња - затруднела откако ангажирала сурогат мајка

Жена од Хјустон на 50 години е мајка на две новороденчиња, откако ѝ се случила неверојатна ситуација по 7 години болка, солзи, еден спонтан абортус и 3 неуспешни асистирани оплодувања.

zhena-na-49-godini-dobila-dve-bebinja-zatrudnela-otkako-angazhirala-surogat-majka-01.jpg

Моника Хаџинс од Хјустон последните 7 години ги минала во обиди да забремени. Искусила многу разочарувања, имала спонтан абортус и 3 неуспешни асистирани оплодувања.

Потоа со сопругот Кенет одлучиле да се откажат и да ангажираат сурогат мајка.

Нивната сурогат мајка Анџела Борман забременила со асистирано оплодување со близначиња, машко и девојче, но за жал го загубила девојчето.

Моника, по овој тажен настан, одлучила за последен пат да направи уште едно асистирано оплодување и била шокирана кога дознала дека било успешно.

zhena-na-49-godini-dobila-dve-bebinja-zatrudnela-otkako-angazhirala-surogat-majka-02.jpg

Како резултат на тоа, сурогат мајката Анџела родила момче во мај 2021-ва, кое го добило името Кени, а 4 месеци подоцна Моника ја родила ќерката Хејли, па наеднаш таа имала две новороденчиња.

zhena-na-49-godini-dobila-dve-bebinja-zatrudnela-otkako-angazhirala-surogat-majka-03.jpg

Моника и Кенет стапиле во брак во 2015 година и веднаш знаеле дека сакаат да основаат семејство. Моника веднаш забременила природно, но доживеала спонтан абортус и тогаш замрзнале ембриони со Кенет.

Таа има и постар син од претходниот брак.

zhena-na-49-godini-dobila-dve-bebinja-zatrudnela-otkako-angazhirala-surogat-majka-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава