Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Електричен автомобил, пушки - Играчки кои децата ги сакаат, но не се најдобар избор за нив

Секој родител се обидува да го најде најдобриот начин за растење и воспитување на своето дете, а играчките се една од првите работи со кои детето се среќава со таа цел. Но, како да ги одвоите едукативните и забавните од оние кои не се баш најдобар избор?

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-001.jpg

Неопходно е детето да се развива психолошки, социјално, ментално и емоционално уште од најрана возраст, а во тоа може да му попречат:

1. Играчките со екрани – Иако технологијата е супер развиена, не се препорачува изложување на детето пред екрани до 2-годишна возраст. Потоа, времето поминато пред таблет или телефон е 1-2 часа дневно.

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-01.jpg

2. Самоподвижни играчки и возила – Моториката тешко се развива кога детето само седи. На дечињата им требаат минимум 60 минути физичка активност во денот.

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-02.jpg

3. Автомобили на далечински управувачи – Не се препорачуваат бидејќи не ја развиваат фантазијата на детето, не го предизвикуваат ментално и нема креативно размислување во оваа игра.

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-03.jpg

4. Пушки и оружја од пластика – Играта не би требало да повреди никого, а тоа тешко се учи кога детето во рака држи пиштол или меч. Овие играчки имаат опасност да ја нормализираат агресијата кон другите дечиња.

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-04.jpg

5. Играчки со токсични состојки – Убаво проверете ги сите пластелини и лепливи смеси, како не би дошло до нарушување на здравјето и иритација на очите, грлото и кожата.

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-05.jpg

6. Играчки кои се вклучуваат во струја – Односно, сите играчки кои имаат кабли, не се препорачуваат за дечиња до 8-9 годишна возраст.

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-06.jpg

7. Прегласни играчки – Иако звуците се примамливи, ако се репетитивни и гласни, му пречат на детето. Водете се по правилото – ако вам ви е пријатна музиката која ја испуштаат, тогаш ќе му биде и на детенцето.

igracki-koi-gi-smetame-za-edukativni-no-ne-se-dobri-za-decata-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 парчиња облека кои можат да бидат опасни за многу мало дете Кога купувавте облека за вашето малечко, покрај комфорот и практичноста, мора да...
Како да разговарате со вашето дете за тешки теми и зошто не треба да го лажете? Смртта на миленичето или некоја блиска личност, расправиите помеѓу вас и партнер...
6 причини зошто некои деца се оддалечуваат од нивните родители кога ќе пораснат Од потценување на проблемите на детето, па сè до споделување на работите што ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg