Поучна приказна: Како престанав постојано да му замерувам на моето дете за „грешките“?

kako-prestanav-postojano-da-mu-zameruvam-na-moeto-dete-001.jpg

Еднаш јадев чорба и капка ми капна на белата маица. „Ох, колку сум несмасна...“ си помислив. Но, веднаш, во истиот момент си простив себеси. Мора да си ги простите грешките, зар не?

Еднаш одамна мојот син јадеше супа и се поли на својата чиста кошула. „Пробај да јадеш повнимателно!“ реков со малку повишен тон. Навистина сакав да бидам совршена.

Потоа донесов интересна одлука. Ќе се обидам да си делам замерки и прекори на себе во текот на денот. Оние истите кои автоматски излетуваат од устата на возрасните, а се во правец на детето.

Наутро влегов во кујната и го здогледав мијалникот, во која стоеја чашите од минатата ноќ.

„Дали толку ти беше тешко да ги измиеш?“ ми заѕвони во увото. Мора да се научиш да бидеш подисциплинирана.

Веднаш замавнав со главата од незадоволство.

Почнав да ги облекувам чевлите, подготвувајќи се да излезам.

„Не ги гази чевлите! Внимателно облекувај ги! И треба да користиш лажица за чевлите. Не знаеш каде е? Како не знаеш? Постојано си во хаос! Да, употреби го прстот за да ги облечеш чевлите. Затоа никогаш немаш маникир кој трае...“

Расположението почна да опаѓа...

Одам по улица, птиците пејат, убавина, шутнав камче...

„Ќе ги изгребеш новите чевли! Нема да работам само за твојата облека!“

Вечерта дома, спремајќи вечера, го отворив шкавчето да земам чинија и заборавив да го затворам. Така си ја удрив главата од ќошето.

Главата ме боли, а во ушите ми ѕвони:

„Ти реков! Колку пати морам да ти повторам! Затворај ги вратичките!“

Тогаш седнав и се растажив. А, во ушите ми се слушаше:

„Што седиш, госпоѓице? Немаш што да правиш по дома?“

Тогаш почна да ми биде лошо, до солзи. Бидејќи е нереално да живееш под надзор на тој глас. Невозможно е.

А, што кога тој глас е твојата мајка?

Од тогаш со синот ги шутираме камчињата кога шетаме по улица. Се смееме. И гајли ни е за чевлите!

Кога е тажен, секогаш го прегрнувам. На крајот од краиштата тоа е секогаш подобро од зборовите. Општо, подобро од било кој збор.

Ослободете се од прекорите. Нека споменот на детството ги потсетува на свитканите ѓонови на патиките, флеките од вкусната супа, смеа и самодоверба.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава