7 грешки што ги прават родителите на почетокот од школската година

Не му го купуваат потребниот прибор на детето, му го преполнуваат распоредот со вонучилишни активности и плачат кога го испраќаат детето на училиште.

7-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-na-pochetokot-na-shkolskata-godina-01.jpg

Првиот училишен ден е возбудлив, но и стресен за секое дете. По три месеци пауза, децата треба да се вратат во училишните клупи и очекувано е да бидат малку исплашени или нервозни.

За првачињата, пак, првиот училишен ден е уште постресен бидејќи се соочуваат со, за нив, потполно непозната ситуација.

Токму затоа, вашата задача е да го направите одењето на училиште што е можно попријатно за вашето дете.

Но иако многу родители целат кон ова, сепак настојуваат да прават некои грешки.

Кои грешки ги прават родителите на почетокот на школската година?

Премногу се емотивни на првиот училишен ден

Многу мали деца, особено во прво одделение, не сакат да бидат разделни од родителите, па на првиот училишен ден почнуваат да плачат.

Бидејќи се деца, ова е нормално.

Но, немојте вие да плачете или да му кажувате на детето колку многу ќе ви недостасува додека е на училиште, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата.

Кога-тогаш, детето ќе мора да сфати дека треба да оди на училиште и дека во тоа нема ништо лошо. Бидејќи, сепак, на крајот од денот повторно ќе ве види вам.

Па, прегрнете го детето, посакајте му сè најдобро, но воздржете се од плачење.

7-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-na-pochetokot-na-shkolskata-godina-02.jpg

Не им помагаат на децата со домашните

Никако не треба вие да ги пишувате домашните задачи на вашето дете.

Но, во првите одделенија добро би било да му помогнете да научи да си го организира времето.

Исто така, охрабрете го да ве прашува кога нешто не му е јасно и пробајте да му го објасните.

Значи, не дозволувајте детето да зависи од вас за домашните, но немојте и да го оставите потполно само на себе.

7-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-na-pochetokot-na-shkolskata-godina-03.jpg

Ги проектираат нивните стравови на децата

Како родител, нормално е да бидете загрижени за стотици работи кога вашето дете ќе тргне на училиште.

Но, никако немојте да ги споделувате овие стравови со вашето дете, особено ако е прваче. 

Ако почнете да ги проектирате вашите стравови, и вашето дете ќе почнува да ги чувствува, ќе има проблеми со самодовербата и одењето на училиште неа да му биде воопшто забавно.

Секако, научете го да биде внимателно и да се грижи за себе кога е на училиште, но немојте да му ја „полните главата“ со вашите стравови од кои повеќето веројатно се и неосновани.

7-greshki-shto-gi-pravat-roditelite-na-pochetokot-na-shkolskata-godina-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето е ...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава