„Првпат станав мајка на 44 години – како тоа ме направи подобар родител?“

Вистина е дека бременоста е поризична на поголема возраст или како што сакаат да кажат кога си стара мајка. Јас на пример имав големи здравствени проблеми во последните два месеци од бременоста.

Мојата бременост беше со голем ризик и се сметаше речиси како болест од 9 месеци и постојано одев на скенови, на тестови на крв и урина и што уште не. Едноставно бременоста ми беше работа со полно работно време.

Ми требаше време да поверувам дека станав мајка и да се поврзам со моето бебе. Сега, таа е ведро, насемано и убаво дете.

Мајчинството има нагорнини и падови, но јас знам дека сум подобра мајка од што ќе бев во 20-тите или 30-тите години. Помудра сум, посмирена, посамоуверена и посигурна во себе.

Ги реализирав поголемиот дел од моите амбиции, јас сум успешен новинар, но и писател со издадени 7 книги, и не чувствувам потреба мојот живот да го живеам преку моето дете, како што прават многу родители.

prvpat-stanav-majka-na-44-godini-kako-toa-me-napravi-podobar-roditel-04.jpg

Мислам дека дури и некои истражувања тврдат дека бебињата родени од мајки на возраст над 40 години се поздрави, повисоки и поинтелигентни, од тие родени од помлади мајки.

Плус, има добри вести за мене и Хилари Свонк, има и истражувања кои тврдат дека жените кои родиле на 40+ имаат 4 пати поголема веројатност да доживеат 100 години, од другите жени. Тоа се должи на фактот што штом успеале да зачнат толку доцна значи дека се здрави, имаат подобри гени и стареат побавно од просекот.

Кога луѓето ќе ми кажат дека не е фер кон детето и дека може да остане сираче мало, јас им посочувам колку многу деца ги изгубиле родителите, иако тие биле помлади.

Единствено за што се каам е што ако и Сидони одлучи да има деца подоцна во животот, никогаш нема да имам шанса да бидам баба.

Никој никогаш не греши и да помисли дека сум ѝ баба на Сидони, затоа што имам младешка енергија и стил на облекување, иако минувам низ менопауза.

Таа дефинитивно е најдоброто нешто што ми се има случено.

Верувам дека и Хилари Свонк ќе биде одлична мајка и ако некој ѝ каже дека е престара за да има бебиња, таа треба да му каже да си ја гледа својата работа.“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Мајка сум на 10 деца, сите ми се восхитуваат колку се добро воспитани - како успевам?“ И додека некои родители едвај се снаоѓаат со две деца и се правдаат со фактот де...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg