„Првпат станав мајка на 44 години – како тоа ме направи подобар родител?“

„Никогаш не ми беше во план да станам мајка толку доцна во животот, а деновиве вестите околу првата бременост на Хилари Свонк на 48 години ме потсетија дека и јас забременив доста доцна. Се породив неколку седмици по мојот 44-ти роденден, а првпат почнав да се обидувам да забременам на почетокот од 40-тите...“

prvpat-stanav-majka-na-44-godini-kako-toa-me-napravi-podobar-roditel-01.jpg

Хилари Фриман, новинарка и писателка, од Велика Британија искрено говори за тоа како е да се биде мајка за првпат на 44 години.

Нејзината приказна:

„Можам и да замислам колку Хилари Свонк се чувствува и благодарно и анксиозно едновремено, но и колку добива негативни коментари.

Јас не верувам дека некој намерно остава да има прво дете на 44 години, но може животот така да се одигра и да се случи тоа, како што беше мојот случај.

Едноставно никогаш не беше вистинското време, околности и партнер и почнав да се обидувам да добијам дете дури на почетокот од 40-тите.

Сега, имам 51 година и имам 7-годишна ќерка која ја носам на училиште секој ден, додека моите врсници имаат деца на факултет.

prvpat-stanav-majka-na-44-godini-kako-toa-me-napravi-podobar-roditel-03.jpg

Мојот пат до мајчинство вака доцна не беше лесен.

Како и кај Хилари и кај мене бременоста беше резултат на втор брак. Иако од средината на 30-тите веќе почнав да копнеам по дете, можам слободно да кажам дека мојот прв сопруг не го чувствуваше истото.

Пред воопшто да почнам да се обидувам да забременам, морав прво да ставам крај на тој брак, па да запознаам некој кој сака да започне семејство исто како и јас. Еден долг и тежок процес.

Кога го сретнав вториот сопруг имав 39 години.

Тој е 4 години помлад од мене и почнавме да се обидуваме да зачнеме дете, пред мојот 41-ви роденден.

Мислевме дека ќе бидат потребни месеци, па и години пред да зачнам поради мојата возраст, но изненадувачки забременив првиот месец.

Но, во шестиот месец од бременоста дознавме дека нашето бебе има екстремно ретко нарушување, кое комплетно ќе му го отежни животот, и тогаш морав да донесам ужасна и болна одлука да ја прекинам бременоста.

Потоа, брзо забременив повторно. Но на 6-тата недела од бременоста имав спотан абортус, па ми се случи уште еднаш во наредната бременост во 9-тата недела.

Никој не знае зошто, но можеби „возраста“ на моите јајце клетки беше фактор, но докторот ми рече да продолжам да се обидувам затоа што шансите се 50/50.

По 6 месеци, на возраст од 43 години забременив по четврти пат, бев пресреќна, но не си дозволив да верувам дека е возможно и дека ќе можам да го износам бебето до крај.

Но, овојпат среќата беше на наша страна и ја родив нашата ќерка Сидони во јуни 2015 година, само неколку месеци по мојот 44-ти роденден.

prvpat-stanav-majka-na-44-godini-kako-toa-me-napravi-podobar-roditel-02.jpg

За мене забременувањето во 40-тите не беше тешко, но беше тешко да го износам бебето.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава