Како да му помогнете на детето полесно да се справи со вашиот развод, според адвокатка за разводи?

Почитувајте ги желбите на детето и никако немојте да зборувате лошо за другиот родител пред него – што друго треба да земете предвид ако се разведувате, а имате и дете?

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-polesno-da-se-spravi-so-vashiot-razvod-spored-advokatka-za-razvodi-01.jpg

Сузан Мос од Њујорк е адвокатка која неретко застапува деца чии родители се разведуваат.

Ова значи дека таа сведочела на многу разводи и „од прва рака“ знае со какви последици се сочуваат децата кога нивните родители се разведуваат.

Поради искуството, Сузан смета дека треба да им разјасни некои работи на родителите кои се разведуваат со цел да го олеснат разводот за нивните деца.

Без разлика која е причината за разводот, децата секогаш страдаат многу, па родителите не треба да заборават на нивните потреби и нивната психичка состојба додека трае овој процес, но и понатаму.

Што треба да знаат родителите кои се разведуваат?

Важно е што сакаат децата

Сузан вели дека неретко, додека трае разводот, се обрнува внимание само на желбите на родителите.

Но, децата се тие кои ќе треба да го делат нивното време помеѓу мајката и таткото, па важно е да се слушнат и нивните желби.

„Можеби вашиот тинејџер работи напорно за да добие добри оценки, па ако среде недела треба да оди од еден во друг дом, можеби тоа ќе му пречи на учењето.

Можеби, пак, вашиот основец не сака да го помине летото со мајка му бидејќи сите негови пријатели се каде што живее татко му“, вели Сузан.

Обично овие грижи се безначајни за родителите, но се од огромна важност за децата, па не треба да ги игнорирате.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-polesno-da-se-spravi-so-vashiot-razvod-spored-advokatka-za-razvodi-03.jpg

Не мора веднаш да правите план кој ќе функционира засекогаш

Како што детето ќе расте, нормално е да се менува и договорот за старателството.

Потребите на децата се менуваат со текот на времето, а ова значи дека не мора цело време да се држите до еден план.

Односно, разговарајте со детето и правете промени кога ќе има потреба од тоа.

Не зборувајте лошо за поранешниот партнер

Со разводот доаѓаат многу негативни емоции, вклучувајќи и гнев. Поради ова, многу родители се во искушение да зборуваат лошо за другиот родител пред детето, особено ако тоа е малку поголемо.

Но, ова е најлошото нешто што можете да го направите.

„Чувајте ги овие разговори за вашите пријатели, а не за вашето дете. Можеби поранешниот партнер не е совршен родител, но детето не мора да знае за сè што се случува помеѓу вас.

Наместо тоа, почитувајте ја неговата важна улога во животот на вашето дете“, вели Сузан.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-polesno-da-se-spravi-so-vashiot-razvod-spored-advokatka-za-razvodi-02.jpg

Соработувајте со бившиот партнер

Сузан вели дека честопати ја прашуваат како најдобро да го поделат времето на детето помеѓу двајцата родители. Нејзиниот одговор е дека воопшто не е важно, туку многу поважен е односот помеѓу родителите. 

„Она што е важно е родителите да бидат на иста страница. Ако родителите постојано се расправаат, без разлика како ќе го поделите време на детето, тоа ќе чувствува лоши последици.

Но, ако соработувате, или барем пробате, детето ќе се чувствува многу подобро“.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-polesno-da-se-spravi-so-vashiot-razvod-spored-advokatka-za-razvodi-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...

Најчитани неделава