Најкратки бракови во Холивуд

najkratki-brakovi-vo-holivud-povekjeГолем број бракови завршуваат со развод, секако тоа важи и за браковите помеѓу ѕвездите во Холивуд- некои би рекле дека нивните бракови се...

 

...злогласни според тоа колку кратко траат.

Ова се некои од најкратките холивудски бракови некогаш склопени:

najkratki-brakovi-vo-holivud

1. Рудолф Валентино и Џин Акер: шест часа. Добро прочитавте, бракот помеѓу познатиот холивудски срцекршач и американската актерка со која импулсивно се оженил траел се на се шест часа. Таа набргу зажалила поради венчавката и се заклучила во соба, до дваесет минутно тропање на вратата...без одговор, тој се откажал и си отишол. Џин подоцна тврдела дека бракот ниту еднаш не бил консумиран.

2. Бритни Спирс и Џејсон Александар: два дена. Познатата музичка ѕвезда во Вегас се омажи за симпатијата од детството и набргу се разведе, подоцна тврдејќи дека целата работа била шега која отишла предалеку.

3.Кармен Електра и Денис Родман: девет дена. Претходниот брак на Денис Родман траеше 82 дена. Малку по овој брак Родман побара развод, поради измама и ментална нестабилност. Подоцна тврдеше дека за време на венчавката бил „под гас“. Кармен Електра не се изјаснила за своите причини за брак.

4. Марио Лопез и Али Лендри: две недели. Пред тоа се забавувале шест години. Како причина за развод Лендри го навела неверството на сопругот.

5. Етел Мерман и Ернест Боргнин: четири недели. Двајцата зад себе имале барем по два неуспешни брака. Изгледа овде „зашкрипело“ уште за време на медениот месец: познатиот актер добивал повеќе внимание од фановите на пејачката, поради што таа станала љубоморна. По враќањето дома, нивниот брак повеќе личел на пекол, па се развеле.

6. Крис Катан и Саншајн Тут: осум недели. За време на венчавката, тој тврдел дека целата работа е искрена и дека насмевката на лицето е повеќе од вистинита. Не е наведено зошто се развеле, тоа што е наведено е дека тој имал предбрачен договор.

7. Лиса Мери Присли и Николас Кејџ: три месеци. Откако се развде од Кејџ, Лиза, позната по својот претходен девет месечен брак со Мајкл Џексон, изјави дека и е жал за разводот, но бракот со Кејџ бил грешка и дека воопшто не требал да се случи.

Би можело да ве интересира:

„Правеше забави со малолетнички – имаше по 60 девојки за 3-4 мажи“: Детали за обвиненијата против Џа... Со години се шпекулира дека Џаред Лето е предатор кој ги злоупотребува своите мл...
10 ѕвезди кои си го сменија личниот опис со јаболчниците на лицето (фото) Тркалезното лице на Бела Хадид сега е со истакнати и остри линии на јаболчниците...
Преживеа експлозија во 2020-та, се откажа од сонот да стане лекар - Каде е денес најубавата жена во ... На почетокот на 2000-тите години, Надин Насиб Нџим, се откажа од својот сон да г...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Вирален хит: Ен Хетавеј „уловена“ како паѓа по скали и крши штикла – грациозно се справи со падот (в... Додека самоуверено се движи надолу по скали со багет во рака, Ен Хатавеј ја скрш...
Хавиер Бардем ја возвишува Пенелопе Круз, по 16 години брак: „Уште не ми се верува дека е моја сопру... „Пенелопе е прекрасна личност. Поминаа многу години, а уште немам видено нешто л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg