Хавиер Бардем ја возвишува Пенелопе Круз, по 16 години брак: „Уште не ми се верува дека е моја сопруга“
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
„Пенелопе е прекрасна личност. Поминаа многу години, а уште немам видено нешто лошо кај неа. Покрај тоа, многу е убава! Кога ќе видам нејзина фотографија во магазин, си велам ’Зарем ова е мојата сопруга?‘“ – вели Хавиер Бардем за неговата сакана.

Хавиер Бардем и Пенелопе Круз се меѓу омилените славни парови и по 16 години заедно, изгледаат посреќни од кога било.
Заедно имаат две деца, а иако избегнуваат да зборуваат за приватниот живот, ја користат секоја можност за да си дадат комплимент еден на друг.
Неодамна Хавиер Бардем откри и неколку детали од нивниот семеен живот.
57-годишниот актер сподели дека откако го добиле првото дете, синот Лео, не работат истовремено. Односно, едниот од нив секогаш останува дома со децата.
Покрај тоа, актерот откри и дека одбива улоги ако за снимање треба да биде отсутен повеќе од две недели.
„Во моите договори јас немам барање за луксузно сместување или нешто такво.
Единственото нешто на коешто обрнувам внимание е да не бидам отсутен од дома повеќе од две недели“, вели актерот за Variety.
Тој ја искористи и можноста да ја пофали актерката, истакнувајќи дека уште не му се верува дека е негова сопруга.
„Благословен сум што имам можност да бидам со оваа жена во исто време, на исто место во мојот живот.
Важно е да го почитувате поддржувате вашиот партнер, но исто важно да се восхитувате на него и на она што го прави“.
Актерот додава и дека по толку многу години, уште нема најдено ниту една мана кај неа.
„Пенелопе е прекрасна, убава и добра личност… Поминаа многу години, а уште немам видено нешто лошо кај неа. Покрај сето тоа, таа е премногу убава!
Кога ќе видам нејзина фотографија во некој магазин, си велам ’Зарем ова е мојата сопруга? Боже, дали е? Мора да е‘“.
Хавиер и Пенелопе исто така обожаваат да работат заедно и досега имаат соработувано на неколку филмови како Vicky Christina Barcelona, Loving Pablo и Everybody Knows.
Моментално тие повторно работат на ист филм – трилерот Bunker на режисерот Флоријан Зелер.
Сепак, иако честопати го делат филмскиот сет, Хавиер открива дека избегнуваат да ги мешаат работат и приватниот живот.
„Дома ретко зборуваме за работа, без разлика што си ја сакаме професијата. Пробуваме да ги одделиме вистинскиот живот и фикцијата“.
Хавиер и Пенелопе за запознаа во раните 1990-ти, кога заедно работеа на филмот Jamon, Jamon.
Но, почнаа врска повеќе од една деценија подоцна, кога соработуваа на филмот Vicky Christina Barcelona. Се венчаа во 2010-та, и оттогаш се неразделни.
Заедно имаат 15-годишен син и 12-годишна ќерка.
Спирова С. | Црнобело