Најкратки бракови во Холивуд

najkratki-brakovi-vo-holivud-povekjeГолем број бракови завршуваат со развод, секако тоа важи и за браковите помеѓу ѕвездите во Холивуд- некои би рекле дека нивните бракови се...

 

...злогласни според тоа колку кратко траат.

Ова се некои од најкратките холивудски бракови некогаш склопени:

najkratki-brakovi-vo-holivud

1. Рудолф Валентино и Џин Акер: шест часа. Добро прочитавте, бракот помеѓу познатиот холивудски срцекршач и американската актерка со која импулсивно се оженил траел се на се шест часа. Таа набргу зажалила поради венчавката и се заклучила во соба, до дваесет минутно тропање на вратата...без одговор, тој се откажал и си отишол. Џин подоцна тврдела дека бракот ниту еднаш не бил консумиран.

2. Бритни Спирс и Џејсон Александар: два дена. Познатата музичка ѕвезда во Вегас се омажи за симпатијата од детството и набргу се разведе, подоцна тврдејќи дека целата работа била шега која отишла предалеку.

3.Кармен Електра и Денис Родман: девет дена. Претходниот брак на Денис Родман траеше 82 дена. Малку по овој брак Родман побара развод, поради измама и ментална нестабилност. Подоцна тврдеше дека за време на венчавката бил „под гас“. Кармен Електра не се изјаснила за своите причини за брак.

4. Марио Лопез и Али Лендри: две недели. Пред тоа се забавувале шест години. Како причина за развод Лендри го навела неверството на сопругот.

5. Етел Мерман и Ернест Боргнин: четири недели. Двајцата зад себе имале барем по два неуспешни брака. Изгледа овде „зашкрипело“ уште за време на медениот месец: познатиот актер добивал повеќе внимание од фановите на пејачката, поради што таа станала љубоморна. По враќањето дома, нивниот брак повеќе личел на пекол, па се развеле.

6. Крис Катан и Саншајн Тут: осум недели. За време на венчавката, тој тврдел дека целата работа е искрена и дека насмевката на лицето е повеќе од вистинита. Не е наведено зошто се развеле, тоа што е наведено е дека тој имал предбрачен договор.

7. Лиса Мери Присли и Николас Кејџ: три месеци. Откако се развде од Кејџ, Лиза, позната по својот претходен девет месечен брак со Мајкл Џексон, изјави дека и е жал за разводот, но бракот со Кејџ бил грешка и дека воопшто не требал да се случи.

Би можело да ве интересира:

Најскапите први фотки од бебињата на славните – Џоли и Пит добиле 14 милиони долари за близнаците Анџелина Џоли и Бред Пит добија дури 14 милиони долари за ексклузивна фотосесија...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...
Фото-споредби од славни дами на иста возраст, со и без пластични операции Додека 44-годишната Ким Кардашијан има направено безброј операции и процедури, Н...
Дамиано Давид се сврши со девојката, по две години врска – Дав Камерон гордо прошета со голем дијама... Кратко откако ја прославија втората годишнина, Дамиано Давид и Дав Камерон беа ф...
Се разделија, но не можел да замисли живот без неа: Бен Стилер и сопругата се заедно речиси 30 годин... По 18 години брак, Бен Стилер и сопругата Кристин се разделија. Но, актерот не ј...
Џорџина критикувана на Филмскиот фестивал во Венеција: „Не мора да се фали со свршеничкиот прстен, и... „Во кој филм се појави Џорџина за да гостува на фестивалот? Или треба да бидеме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg