Се разделија, но не можел да замисли живот без неа: Бен Стилер и сопругата се заедно речиси 30 години
- Детали
- недела, 31 мај 2026
По 18 години брак, Бен Стилер и сопругата Кристин се разделија. Но, актерот не ја преболел и не ни помислувал на друга жена. За време на пандемијата се изолирале заедно со нивните две деца и ова им помогнало да се зближат, па решија да си дадат уште една шанса.

Во свет каде што разводите се норма, Бен Стилер и неговата сопруга Кристин Тејлор се пар за пример.
Иако накратко беа разделени, тие се заедно уште од 1990-тите и се доказ дека вистинска љубов сепак постои.
На прашањето како успеваат да го одржат бракот, Бен има изјавено:
„Успеваме бидејќи и двајцата сакаме да успее. Се сакаме, а исто така и многу се смееме заедно. Таа е една од најсмешните личности што ги знам“.
Актерот додаде и дека смислата за хумор е една од најважните состојки за среќен брак.
Љубовната приказна на Бен Стилер и Кристин Тејлор:
Се запознале за време на аудиција
Бен ја запознал Кристин во 1999 година, за време на аудиција за серијата Heat Vision and Jack.
„Мојата сопруга дојде на аудиција за улога на секси полицајка. Дојде на аудицијата и беше одлична“, сподели актерот.
Тој период и Бен и Кристин преболувале долги врски, па не барале ништо сериозно. Но, решиле да излезат на состанок и меѓу нив веднаш се родила искра.
Серијата за која Кристин отишла на аудиција никогаш не беше емитувана, но му дала можност на Бен да ја запознае љубовта на неговиот живот.
Се венчаа на Хаваи
Иако не планирале сериозна врска, Бен и Кристин не можеле да ја игнорираат љубовта меѓу нив, па се венчаа само шест месеци откако ја почнаа врската.
Направија венчавка на Хаваи, а актерот има изјавено дека биле свесни дека можеби брзаат. Но, набрзо им станало јасно дека го направиле вистинскиот избор.
„Почнавме да се дружиме и со текот на времето и двајцата сфативме дека ни е одлично и дека сме вљубени“, има изјавено Бен.
Што се однесува до запросувањето, актерот откри дека побарал дозвола од таткото на Кристин.
Бидејќи тој бил голем и силен човек, вели дека би понервозен кога разговарал со него, отколку кога ја прашувал Кристин да се омажи за него.
Соработуваа на неколку проекти
По венчавката, Бен и Кристин покажаа дека се одличен тим и на работа.
Еден од нивните најголеми заеднички проекти е филмот Zoolander, а имаат соработувано и на Dodgeball: A True Underdog Story, Tropic Thunder, Friendsgiving и низа други.