Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан на зајдисонце во Грција (фото)
Подготовките траеја околу половина година. Секој ден беше исполнет со возбуда, инспирација и заеднички мигови со Иво, кој се грижеше за секој детаљ со неверојатна нежност.

Тоа беше период кога уште подлабоко го запознав како човек, како партнер, како најтихата сила покрај мене.

Но нашата приказна не заврши таму. Неколку недели подоцна, решивме да направиме второ, исто така интимно славење со нашите најблиски пријатели – во Bokeh Restaurant на Ситонија, Грција.

Местото беше како од соништата: сонцето заоѓаше зад морето и го обои небото со златна и розова светлина.

Масите беа украсени со школки, бисери и детали што потсетуваа на морето – секоја декорација носеше мирис на лето и слобода.

Грчката кујна, свежиот воздух и топлината на пријателството ја направија таа вечер магична. Таму, меѓу брановите и смеењето, ја почувствував истата љубов, само послободна и потопла.

Ова беше денот кога најубаво го видов Иво за тоа каков човек е – добар, внимателен кон секој детаљ од нашиот најважен ден, и човек кој ме обожава“.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
