Традиционални свадби низ светот - какви се обичаите?

Колку што има народи, толку има различни обичаи и традиции. Меѓутоа, без разлика на сè, начинот на кој се одбележуваат, целиот чин околу стапувањето во брак се случува кај сите, целта е долг и среќен живот.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-01

Можеме да отпатуваме во различни краеви на светот и да ги откриеме најразличните свадбени обичаи, кои претставуваат неизбежен дел од  културното богатство на еден народ.

Јапонија

Традиционалното јапонско венчавање се прави во храмот Шинто во присуство на свештеници. Шинто церемонијата подразбира да ѝ се оддаде почит на природата и младите да добијат благослов од духовите.

Карактеристичен е т.н. ритуал сан-сан-кудо (три-три-девет), што значи младите од иста чинија треба по три пати да се напијат, а девет пати да наздрават, бидејќи 3 е среќен број а во 9 трипати се содржи 3.

Традиционалната јапонска невеста носи бело свилено кимоно, Широ Маку, како симбол за невиност, лицето ѝ е обоено со бела боја и покриено со вел. Во текот на свадбата треба да се пресоблече повеќе пати. Гостите подаруваат пари.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-1


Египет

Во Египет и денес сè уште е задржан обичајот на договарање бракови и откупување на невестата. Бракот на младите го договараат возрасните, семејството на мажот дава мало богатство за да ја откупи невестата.

Ден пред венчавката се прави Хена забава за невестата и нејзините пријателки. Свадбата се случува по зајдисонце во џамија, хотел или во семејната куќа. Младоженецот го носи своето најдобро одело, а жената е облечена во сина или розева венчаница.

Бурмата еден ден порано се става на домалиот прст на десната рака и симболизира бесмртност на стариот и новиот свет. На венчавката обичајот е да се смени прстенот од десна на лева рака.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-2

Филипини

Повеќето христијански бракови на Филипините не се договорени. Традиционалното венчавање се одвива во црква, а по излегувањето на младенците, пријателите им фрлаат конфети.

Младенците пуштаат два гулаба, како симбол на хармонија и среќа во идниот брачен живот.

Невестата е облечена во бела венчаница со вел, а младоженецот носи „Баронг Тагалог“ – традиционална филипинска кошула. Гостите ставаат парички на облеката на младенците.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-3

Полска

Старата традиција на нудење леб и сол е многу одамна. Еден од најпопуларните обичаи е родителите да ги послужат младенците со леб, сол и бокал вино.

Лебот симболизира храна и надеж дека нивните деца никогаш нема да бидат гладни. Се верува дека има лековита моќ да ја штити куќата од пожар, поплава или град како и растерување на лошите духови.

Откако ќе се послужат со вино и леб, младенците ја кршат чинијата и чашата за среќа.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-4

Шкотска

Прва асоцијација на шкотска свадба се гајдите. Секој момент, почнувајќи од доаѓањето на младенците пред олтарот, излегувањето од црква, како и во текот на свадбената веселба е проследена со звуците на гајдата. Освен овој инструмент, застапена е и старата шкотска народна музика.

За место на одржување се избира ресторан или некои познати шкотски замоци каде се пие виски во неограничени количини. Мажите ги носат познатите карирани здолништа – килтови, а невестата носи бела венчаница со некој кариран моден додаток.

Обичај е во чевлите да се ставаат пари и да се потурат младите со некоја течна смеса која симболизира поврзаност меѓу минатото и иднината, односно дека она што не е убаво останува зад нив.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-5

Италија

Според верувањето, италијанската невеста треба да носи на себе четири детали: нешто сино, ново, старо и позајмено. Се верува дека тоа носи среќа.

Златото се смета како предзнак за лоша среќа, а велот ја штити од лошите духови. Пред црквата Италијанците врзуваат лента која ја симболизира поврзаноста на младите. Конфетите во Италија се бадеми обложени со шеќер како симбол за слатко-горчливите моменти кои им претстојат во животот.

По церемонијата на венчавање младите ја кршат вазната на ситни делови кои според нивниот број ги означуваат годините колку што ќе трае нивниот брак.

Интересен обичај е сечењето на вратоврската на младоженецот, кој за секое парче добива пари. А невестата носи сатенска торба „la borsa“ во која гостите даваат пари за да танцуваат со неа.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-6

Мексико

Традиционалното мексиканско венчавање, обично се претвора во големо славење со многу светли бои и незаборавна забава со маријачи и фламенко танчери.

Венчаницата може да биде од традиционална со долги ракави до фламенко фустан. Во Мексико младоженецот ѝ подарува на невестата 13 парички т.н. „arras“ кои ги симболизираат Исус и дванаесетте апостоли.

Кога ги кажуваат заветите околу вратот на младоженецот се врзува бела лента, односно „lasso“, која симболизира единство.

Според верувањето, невестата на венчавката не треба да носи бисери, бидејќи симболизираат солзи.

tradicionalni-svadbi-niz-svetot-7

Би можело да ве интересира:

Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg