Исповед: „Не ми кажувај дека треба да гладувам за да влезам во венчаницата - среќна сум таква каква што сум“

Еми Харисон отворено говори за сите предрасуди околу нејзината тежина со кои се соочила пред свадбата.

ispoved-ne-mi-kazuvaj-deka-treba-da-gladuvam-za-da-vlezam-vo-venchanicata-srekjna-sum-takva-kakva-sho-sum-01.jpg

Еми Харис раскажува како откако ја запросило момчето била пресреќна затоа што доаѓал големиот свадбен ден кога со него ќе наздравела со чаша шампањ во името на љубовта до крајот на животот, но тогаш почнал хоророт.

Сите биле загрижени околу нејзиниот вишок на килограми.

Нејзината искрена исповед:

„Подобро почни со изгладнување сега затоа што венчаницата нема да ти прилега добро“, ми кажа мајка ми.
Се погледнав во огледалото на пробата и навистина се чувствував како колбас, како скап колбас.

Наскоро ќе се мажам со љубовта на мојот живот и сè за што сакаа да разговараат луѓето со мене беше мојата тежина, диета, колку пијам, колку јадам, која големина ми е венчаницата.

„Мора да ослабеш, фустанот некако чудно те затега“, коментираше мајка ми.
Ѝ кажав: „Не грижи се, сите венчаници се такви.“

ispoved-ne-mi-kazuvaj-deka-treba-da-gladuvam-za-da-vlezam-vo-venchanicata-srekjna-sum-takva-kakva-sho-sum-05.jpg

Тогаш ми прелета мислата колку е смешно и срамно што сите жени минуваат низ вакво искуство поради тој еден фустан кој ќе ги одбележува до крајот на животот.

Напишете на интернет како да изгубам тежина за мојата свадба (how to lose weight for my wedding) и ќе ви излезат милиони резултати.

ispoved-ne-mi-kazuvaj-deka-treba-da-gladuvam-za-da-vlezam-vo-venchanicata-srekjna-sum-takva-kakva-sho-sum-04.jpg

Замислете колку е тоа штетно за жените со ниска самодоверба или за оние со проблеми со исхраната... Јас сум среќна со мојата големина и не сакам да изгубам килограми за свадбата, но како да им докажам?
Наводно ќе сум се потела и ќе ми било некомфорно. Ќе сум била несреќна кога ќе сум гледала колку сум дебела на свадбените фотографии потоа.

Се нервирав, но не ги обвинувам за глупавото размислување. Само отворете на Google и ќе видите кои се инструкциите за како да изгледате на свадбата и колку е огромен притисокот да бидете слаби.

ispoved-ne-mi-kazuvaj-deka-treba-da-gladuvam-za-da-vlezam-vo-venchanicata-srekjna-sum-takva-kakva-sho-sum-03.jpg

Како да има универзално правило дека невестата мора да ослаби пред свадбата за да биде среќна и да влезе во фустанот од соништата. Па, и дизајнерските куќи го поддржуваат ова и резултатот е ранливи невести кои се чувствуваат безвредно пред тоа што треба да биде најубавиот ден во нивниот живот.

Но, како да им докажам дека полничка жена може да биде и успешна и среќна и сакана?

ispoved-ne-mi-kazuvaj-deka-treba-da-gladuvam-za-da-vlezam-vo-venchanicata-srekjna-sum-takva-kakva-sho-sum-02.jpg

Ако сакате овошје по цели денови само за да ослабете до свадбата супер, но правете го тоа затоа што вие сакате, а не затоа што другите сакаат.

Шансите дека вашиот партнер нема да забележи дека сте ослабеле се огромни затоа што тој ќе биде зафатен со уживањето во вашиот голем ден, славењето на љубовта и убавата енергија.

Јас не планирам да бидам помала за мојот голем ден. Ќе бидам тоа што сум. Токму така како што планирам и во остатокот од мојот живот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки што ги прават речиси сите невести со шминката, според мејкап артист Барате мислење од сите, следите минливи трендови и не правите пробна шминка – ме...
11 фото докази дека свадбата може да ви биде бајковита и без да потрошите цело богатство „Сама си направив торта и колачи за свадба. Беше многу стресно, но вредеше секој...
Младенци бараат гостите да си го платат оброкот на свадбата, но и да им подарат пари: „Ова не е дона... „Би платила за мојот оброк ако младенците не бараат подарок. Но навистина е смеш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg