Невеста потрошила многу пари, па бара цвеќарот да ѝ работи гратис за свадбата

„Потрошив многу пари за мојата свадба, ќе може ли ти да ми работиш гратис?“ - дрска невеста стана мета на критики.

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-01.jpg

Невеста стана хит на интернет, откако еден цвеќар го објави разговорот со неа.

Таа му пишала дека сака цветен аранжман од кај него за својата свадба, но откако тој ѝ ја пишал цената, се обидувала да го убеди да ѝ работи за без пари.

Невестата, која вели дека потрошила многу пари за свадбата, сакала трошокот за цвеќе да го сведе апсолутно на минимум. Наводно, цвеќарот ќе може да си направи добри фотографии од аранжманот на цвеќето на нејзината свадба и така да се рекламира.

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-02.jpg

Освен нешто ситно по набавна цена за цвеќето, таа не сакала да му плати ништо за работна рака, бидејќи ѝ било скапо, со оглед на тоа што сакала богато да декорира 18 маси.

Цвеќарот првично културно ѝ објаснил колку време ќе му одземе подготвувањето на аранжманите само за неа, а откако таа упорно барала да не ѝ ја наплати работната рака, бесен ја испратил да се обрати на друго место и ѝ понудил други цвеќари каде ќе може да ја спореди сцената.

Навистина огромна непочит кон него и неговата професија, зарем не?

Прочитајте ја нивната преписка:

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-03.jpg

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-04.jpg

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-05.jpg

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Невеста од Израел што тверка на својата свадба стана вирален хит (видео) „Не сакав религиозна свадба, туку голема хип-хоп забава и сонот ми се оствари“, ...
8 грешки што ги прават речиси сите невести со шминката, според мејкап артист Барате мислење од сите, следите минливи трендови и не правите пробна шминка – ме...
11 фото докази дека свадбата може да ви биде бајковита и без да потрошите цело богатство „Сама си направив торта и колачи за свадба. Беше многу стресно, но вредеше секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg