Водич за идни невести – која венчаница е совршена за вас според обликот на вашето тело?

Ако сте послаби и немате многу облини, ќе изгледате беспрекорно во венчаница со понизок струк која ќе го нагласи рамниот стомак и ќе ви ја истакне линијата на телото.

vodich-za-idni-nevesti-koja-venchanica-e-sovrshena-za-vas-spored-oblikot-na-vasheto-telo-01.jpg

За невестата, венчаницата е можеби најважниот дел од свадбата, па не треба да нè изненади фактот дека девојките со месеци го одбираат совршениот модел.

Нo, ако знаете кои модели му стојат најдобро на обликот на вашето тело, многу полесно ќе го направите изборот.

Која е совршената венчаница за вас според обликот на вашето тело?

Девојки со облини и стомаче: А-крој

Ако имате облини, многу добро ќе ви стојат венчаниците со „А-крој“. Овие модели ќе ги нагласат вашите облини само онолку колку што треба, а истовремено ќе создадат совршена рамнотежа помеѓу горниот и долниот дел на телото.

Ако имате поголеми гради, одлично ќе ви стои венчаница со V-израз, како и модел со горен дел направен од чипка.

Генерално, венчаниците со ваков крој им стојат добро на сите, но дефинитивно најдобро на девојките со облини.

vodich-za-idni-nevesti-koja-venchanica-e-sovrshena-za-vas-spored-oblikot-na-vasheto-telo-02.jpg

Девојки со широки колкови и рамена: „сирена крој“

Ако обликот на вашето тело е во форма на песочен часовник, тогаш најдобро ќе ви стои модел со таканаречен „сирена крој“.

Овие венчаници се залепени за телото до колената, а потоа здолништето се шири и наликува како перка на сирена.

Ако имате мали гради одберете модел со горен дел без градник, а ако имате поголеми гради одлично ќе ви стои модел со V-израз и градник.

vodich-za-idni-nevesti-koja-venchanica-e-sovrshena-za-vas-spored-oblikot-na-vasheto-telo-03.jpg

Слаби девојки со помали облини – низок струк

Ако сте слаби и немате многу истакнати облини, ќе изгледате одлично во венчаница со понизок струк.

Овие модели ќе го нагласат рамниот стомак, но и ќе ја истакнат подобро фигурата и ќе ги направат облините повпечатливи.

vodich-za-idni-nevesti-koja-venchanica-e-sovrshena-za-vas-spored-oblikot-na-vasheto-telo-04.jpg

Ниски девојки со облини: тесен модел

Овие венчаници се слични како моделите со „сирена крој“, само што долниот дел од здолништето не е многу широк.

Овие модели се одлични за пониски девојки бидејќи визуелно ја издолжуваат фигурата, особено во комбинација со високи штикли.

Покрај тоа, ваквите венчаници ќе стават акцент на вашите облини.

vodich-za-idni-nevesti-koja-venchanica-e-sovrshena-za-vas-spored-oblikot-na-vasheto-telo-05.jpg

Девојки со кратко торзо: широк модел

Ако имате кратко торзо, одберете поширока венчаница која „паѓа“ слободно од половината надолу.

Овие модели визуелно ќе ви ја стеснат половината, а ќе ги нагласат колковите.

Ако имате мали гради, можете да одберете модел со горен дел со длабоко деколте кое почнува од половината. За поголеми гради, ќе изгледате одлично со корсет со V-израз.

vodich-za-idni-nevesti-koja-venchanica-e-sovrshena-za-vas-spored-oblikot-na-vasheto-telo-06.jpg

Атлетски градени девојки – нагласена половина

Ако имате мускулесто тело, ќе изгледате одлично во венчаница со многу тантела и нагласена половина.

Најдобро е здолништето да биде пошироко, а корсетот со V-израз.

vodich-za-idni-nevesti-koja-venchanica-e-sovrshena-za-vas-spored-oblikot-na-vasheto-telo-07.jpg

Секако, секое тело е различно и секоја девојка има различен стил и желби за денот кога ќе биде невеста, па најдобро е да пробате неколку модели, а потоа да барате тип што најдобро ви стои. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg