Дечко од Куманово ја запроси саканата со прстен кој долета со дрон на Калемегдан (фото+видео)

„Последен пат кога бевме заедно во Белград на Анкица ѝ се јавија дека почина нејзиното куче кое премногу го сакаше и чуваше со години и беше претажна. Секогаш велеше сакам пак да одиме во Белград и да направам поубави спомени, не сакам таков прекрасен град да ми остане во лош спомен и токму затоа одлучив да ја запросам таму“, раскажува Стефан од Куманово за CRNOBELO.com.

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-01.jpg

Стефан од Куманово одлучи да ја запроси својата сакана Анкица на спектакуларен начин на парк-тврдината Калемегдан во Белград.

Тој ѝ го постави судбоносното прашање со прстен кој долета со дрон.

За CRNOBELO.com тие откриваат детали од нивната љубовна приказна.

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-07.jpg

Стефан за CRNOBELO.com вели:

„Ние сме 8 години заедно, времето поминува премногу брзо, а зошто да не ја крунисаме нашата љубов си реков. Анкица секогаш велеше дека сака да биде приватен момент и дека не сака да биде клише и со многу луѓе околу нас, не сака во ресторани или на премногу јавни места.

Таа клупа на Калемегдан во Белград ми остана во сеќавање. Романтично, интимно и едноставно местенце со прекрасен поглед.

Последен пат кога бевме заедно во Белград на Анкица ѝ се јавија дека почина нејзиното куче кое премногу го сакаше и чуваше со години и беше претажна.

Секогаш велеше сакам пак да одиме во Белград и да направам поубави спомени, не сакам таков прекрасен град да ми остане во лош спомен.

Затоа сакав да ѝ го разубавам впечатокот за овој град и да направам да се сеќава на нешто поубаво.

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-12.jpg

Таа не ни очекуваше дека тоа ќе се случи во овој момент, мислеше дека си прават репортажа за Калемегдан. Кога дронот се доближи до нас преблиску викаше, те молам кажи им да не снимаат толку блиску, зошто не снимаат само нас.

Мислам дека мојата идеја беше успешна и дека пријатно ја изненадив. Благодарам на прекрасниот тим и на Борис, сопственик на дронот кој ги исполни моите замисли и очекувања.

Бевме само ние двајца, нашата љубов и приватен момент кој е сочуван засекогаш. Со сигурност можам да кажам дека го имам најпрекрасниот и најдобриот партнер на светот и дека секој што се чувствува исто како мене, да не чека ни момент. Секој миг е вистински кога ја имаш вистинската личност.“

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-03.jpg

Ја прашавме и Анкица за детали од нивната љубовна врска:

„Многу се радувам што нè исконтактиравте и што ви се допаѓа нашата приказна. Навистина се изненадив и не очекував.

Се збунив и најпрво што кажав кога го видов дронот е дека не сакам толку блиску да нè снимаат. Мислев дека си снимаат некаков прилог за прекрасниот Калемегдан.

Најпосле кога Борис се качи горе ми кажа: „Ох добро е, во еден миг мислев дека се премислуваш.“ Секако дека не, за вистинската љубов и после 8 години никогаш не би кажала не.

На сите им посакувам уште поубава, поуникатна и приказна каква што си замислуваат.

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-09.jpg

Таа клупа, тоа место и тој момент пак би сакала да се мои. Се надевам дека и кога ќе остариме ќе седиме на таа клупа и дека секој ден ќе е посреќен и поубав од претходниот.

Верувајте, сакајте се, бидете искрени и лојални, бидете свои и задоволни со тоа што го имате. Љубовта може да ги сруши сите граници и да нè спаси од сè.“

Kaко изгледаше запросувањето:

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-14.jpeg

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-11.jpg

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-10.jpg

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-08.jpg

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-06.jpg

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-05.jpg

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-04.jpg

dechko-od-kumanovo-ja-zaprosi-sakanata-so-prsten-koj-doleta-so-dron-na-kalemegdan-foto-video-02.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Голите“ венчаници ги освоија невестите низ светот – би носеле ли ваков фустан на вашата свадба? „Најголем број жени не сакаат да носат балски фустани. Навистина е исцрпувачко, ...
Премногу гости, следење трендови и уште 6 работи за кои жените се каат по нивната свадба Од премногу гости, па сè до следење трендови кои се минливи - за што најмногу се...
Не треба да се свршувате со партнерот, ако пред тоа не сте разговарале за 5 важни работи Да се раскине свршувачка е поболно отколку да се раскине врска, па пред да прифа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg