10 најбизарни свадбени обичаи ширум светот: младенците не смеат да одат во тоалет 3 дена по церемонијата

Додека кај нас на традиционалните свадби имаме одење по невеста, бричење на младоженецот и кршење на погача, во земјите низ светот постојат подеднакво интересни, но и многу необични традиции. Дел од нив се граничат со чиста бизарност.

10-najbizarni-svadbeni-obichai-shirum-svetot-01.jpg

Ова се само дел од обичаите кои се практикуваат: во некои делови на Индија постои верување дека девојката чиј заб скапува, во блиска иднина ќе ја изеде тигар бидејќи духовите ја мразат.

Затоа таа мора да се омажи за животно за да го спречи тоа. Тоа е симпатична лажна церемонија за да се избркаат злите духови со цел девојката еден ден да најде сопруг и вистински да се омажи.

Покривање на младенците со јајца

Пријателите ги покриваат младите од Индија со јајца, сосови, пердуви и слично. Церемонијата во која младенците се покриваат со нешто обично симболизира заштита од зли духови. Се разбира, ова се случува пред свадбата.

Младоженецот прескокнува метла

Овој симпатичен обичај во Индија симболизира нов почеток и чистење од минатото или спојување на две семејства. Може да значи и благодарност кон предците.

Традицијата со бакнување

Ако младоженецот од Индија ја напушти просторијата поради која било причина, на сите други мажи на свадбата им е дозволено да ја бакнат невестата. Истото важи и за младоженецот и за гостите доколку невестата ја напушти собата.

Три стрели кон невестата

Едно етничко малцинство во Кина има обичај младоженецот да истрела три стрели (без врвовите) кон невестата. Потоа ги скрши тие три стрели за време на церемонијата. Овој обичај означува дека бракот ќе трае вечно.

Бучен свадбен ритуал

„Чаривари“ е необичен и чуден обичај што важи за некои церемонии во Франција. Имено, во куќата на младенците се изведува бучна серенада придружена со тенџериња. Овој необичен народен обичај првпат е забележан во средниот век, а според некои, корените ги влече уште од античко време.

Три дена без тоалет по свадбата

Во Сандакан, Малезија, свадбите може да бидат тешки за многу парови. Имено, членовите на заедницата Тидонг не дозволуваат младенците да одат во тоалет три ноќи и денови по венчавката бидејќи тоа значи лоша среќа. По венчавката, младенците три дена не јадат речиси ништо, а пијат само малку вода.

Пари за танц со невестата

Наместо обичајот што преовладува на свадбите каде што на младенците им се подарува плик со пари, во Полска младоженецот држи скутник во која гостите можат да оставаат пари со кои си купуваат оро или танц со невестата. Главниот дел на церемонијата се случува кога младоженецот ќе го стави целиот преполн паричник, и си ја зема сопругата само за себе.

Младоженецот организира киднапирање

Отсекогаш постоеле романтични приказни во кои девојките бегаат од родителите кога нивниот љубовник организира т.н. „киднапирање“. Во некои култури, киднаперот кој ќе успее да ја задржи девојката два до три дена, на крајот може да се ожени со неа.

Плукање по младите

Кога се одржува венчавка во племето Масаи, таткото на невестата плука по лицето и градите на невестата за да ѝ посака среќа. Невестата потоа заминува со сопругот без да се сврти, бидејќи се плаши да не се претвори во камен.

Удирање на младоженецот по нозете

Пред свадба во Јужна Кореја, на младоженецот му се врзуваат нозете, се обесуваат наопаку и му се удираат нозете. За да работата биде уште полоша, може да го удираат и со риба. Оваа церемонија наводно служи за зајакнување на младоженецот пред првата брачна ноќ.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg