Хит видео: Поправете ги скршените руменила и сенки за очи со само 1 состојка која (најверојатно) ја имате дома

На сите девојки барем еднаш им се случило да им се скрши руменилото или сенката за очи што ја носат во чантата, а на социјалните мрежи се споделува едно кратко видео со трик што може да ви помогне да ја спасите оштетената шминка.

popravete-gi-skrshenite-rumenila-i-senki-za-ochi-so-samo-1-sostojka-hit-video-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Ако ви се скрши новото руменило или омилената сенка за очи, нема потреба да очајувате. Постои едноставен трик што ќе ви помогне да ги поправите.

Освен што служат за комуникација, социјалните мрежи во последните неколку години се и извор за нови сознанија. Така девојка по име Мери Ортон на својот ТикТок профил објави видео во кое покажува како успеала да го поправи скршеното руменило за тоа да изгледа како ново.

„Знам како да поправам скршена пудра, хајлајтер или руменило“ – порача таа.

Постапката за поправка е мошне едноставна и лесна. Потребно ви е малку алкохол, нож за порамнување, една хартиена салфета и предмет со рамно капаче, како кармин, коректор и сл.

1. Во скршената шминка се става малку алкохол;

2. Се порамнува со нож и се враќа во лежиштето од амбалажата и се остава да се суши околу 15-тина мунути;

3. Шминката се прекрива со салфета и се притиска со друг предмет, како маскара или кармин;

4. Израмнетата шминка се остава околу два часа за да испари алкохолот и потоа е подготвена за употреба.

Погледнете го видеото:

@mary.orton

If crushed makeup is crushing your soul, this fix is for you. #makeuphacks #makeuptips #quickfix #fyp #foryou #momsoftiktok

♬ original sound - Mary Orton

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава