7 мали грешки во шминкањето (кои спречуваат една жена да има лице на божица)
Темен кармин – ваквите нијанси додаваат години на вашето лице, а поприродните тонови се подобар избор.

Mногу жени минуваат многу време и трошат многу пари за да изгледаат совршено. Но, иако купуваат скапа козметика, тие понекогаш прават клучни грешки при шминкањето.
Кои се тие и зошто не треба да ги правите?
Мали грешки во шминкањето, кои спречуваат една жена да има лице на божица:
Сува кожа – доволно хидрираната кожа е основно правило, во спротивно вашето лице ќе изгледа уморно, а вие исцрпено, дури по хидрирањето може да нанесувате пудра.

Темен кармин – ваквите нијанси додаваат години на вашето лице, а поприродните тонови се подобар избор.

Претерување со исцртување на веѓите со моливче – моливчето може да даде неприроден и нападен изглед, па подобра опција се темните сенки кои можете дискретно да ги нанесете на веѓите со врвот од четката.

Нанесување на сенка за очи со волуменозна четка, наместо со апликатор – на овој начин таа ќе се разнесе насекаде и нема да биде прецизно нанесена.

Сенки со светки на целата површина од окото – светките се нападни и треба да се нанесуваат многу внимателно, најубаво е да ги нанесете само на внатрешниот дел од очниот капак.

Користење само на црна маскара – ако сте русокоса, црната маскара може да изгледа нападно на вас, па подобра варијанта е кафеавата маскара, која ќе ја задржи нежноста во вашиот изглед.

Претерување со бронзер – лесно е да се претера со нанесувањето на бронзер, ставајте умерено и тоа само на челото, јаболчниците и брадата.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт...
„Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата)
Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса
Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите)
Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките?
Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“
„Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...