Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 работи што никогаш не смеете да ги ставате на лицето

На интернет секојдневно се појавуваат нови трикови за убавина кои тврдат дека преку ноќ ќе ги решат проблемите што ги имате со лицето – темните дамки, мозолчињата, брчките... Сакајќи да добиеме брзи резултати, подготвени сме да пробаме сè.

8-raboti-shto-nikogash-ne-smeete-da-gi-stavate-na-liceto-01.jpg 

Експертите за кожа велат дека првото и најважно правило е – на лицето не ставајте ништо што не е наменето за лице и се користи за други делови на телото.

Не користете ни препарати што не се соодветни за вашиот тип кожа.

Кои производи никогаш не смеете да ги ставите на лице?

Лак за коса

Можеби некаде на интернет сте виделе трик со кој некои девојки ја фиксираат шминката на лицето со лак за коса.

Ова не смеете да го правите никогаш, бидејќи лакот во себе содржи алкохол, па ќе ви ја исуши кожата на лицето и таа ќе изгледа постара и дехидрирана.

Во составот на некои лакови за коса има и репеленти - материи кои ги одбиваат инсектите.

Ова може да предизвика иритација на кожата и акни.

Антиперспирант

Иако целта на антиперспирантот е да ги заштити вашите пазуви од потење, тоа не значи дека треба да го ставите на лице за да ви ја фиксира шминката и да не ви се испоти лицето.

Антиперспирантот нема да ѝ помогне на шминката да не се стопи.

Дополнително, вашето лице мора да дише.

За да ја фиксирате шминката, купете фиксатор направен специјално за таa намена.

Не ги сушете мозолчињата со шампон

На социјалните мрежи некои инфлуенсерки споделуваат видеа на кои си го мијат лицето со шампон против првут.

Состојките што се користат за производство на шампонот и состојките што се користат во средствата за миење лице се сосема различни.

Шампоните се многу посилни и можат да ја иритираат нежната кожа на лицето.

8-raboti-shto-nikogash-ne-smeete-da-gi-stavate-na-liceto-02_copy.jpg

Серум за коса

Со серумот за лице решаваме одредени проблеми на кожата на лицето - брчки, изморена кожа без сјај, проширени пори и слично.

Серумот за коса е посилен и има потполно друга намена - треба да го зајакне коренот или да спречи опаѓање на косата, па затоа ја иритира кожата на лицето.

Дополнително, серумот за коса често содржи и вештачки мириси, кои можат да предизвикаат црвенило и чешање на лицето.

Млеко за тело

Иако е одлично за негата на телото, млекото за тело никогаш не смеете да го ставате на лицето.

Овие препарати се претешки и најчесто многу мрсни за нежната кожа на лицето, па ги затвораат порите, а тоа може да предизвика појава на акни.

Кремови за стапала

Некои видеа на интернет одат дотаму што препорачуваат да ставите крем за стапала на лицето.

Дури и тоа да е единствениот крем што го имате дома, подобро е да не ставите ништо на лицето, отколку крем за нозе.

Овие кремови се прават за суви и испукани стапала, но не се соодветни за нега на лицето, дури и да имате многу сува кожа.

Дополнително, овие кремови содржат и многу хемикалии, кои никако не смеете да ги ставите на лице.

8-raboti-shto-nikogash-ne-smeete-da-gi-stavate-na-liceto-04.jpg

Препарати за лице со поминат рок на траење

Иако можеби на лицето не ставаме кремови со истечен рок, тоа најчесто не се однесува на декоративната козметика. Па, на лицето често ставаме шминка чиј рок е поминат.

Ваквата козметика може да предизвика иритација.

Затоа, на секои 6 месеци треба да го проверувате рокот на траење и да фрлите сè од шминки што е старо.

Мајонез

Мајонезот е добар како маска за сува и кршлива коса, но никако не смеете да го ставате на лицето.

Тој е премногу кисел и тежок за кожата. Наместо да ви го хидрира лицето, тој ќе ги затне порите на вашата кожа.

Дополнително, може да предизвика мозолчиња.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg