Жешката вода ја суши, секојдневно миење ја уништува – Трикови за бујна и здрава коса

Немојте да ставате многу шампон

Воопшто нема потреба да ставате цела рака шампон. За коса со должина до кај рамената, сосема доволна е количина колку зрно грозје.

На овој начин не само што ќе заштедите на шампон, туку и подобро ќе го исплакнете.

Исто така, немојте да ја триете целта коса со шампон. Фокусирајте се на скалпот и само нежно поминете ги врвовите. Ако ги триете и врвовите, многу лесно ќе ги искинете.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-06.jpg

Немојте често да го менувате шампонот

За да забележите ефект од шампонот што го користите, мора да го употребувате подолго време.

Па, ако не забележите разлика по 2-3 миења, немојте веднаш да го менувате брендот, туку дајте му време.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-07.jpg

Исцедете ја косата пред да ставите маска, регенератор или кондиционер

Додека за шампонот косата треба да биде накисната, пред да ставите продукт како маска, исцедете ја водата.

Со ова, продуктот ќе биде многу поефикасен.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-8.jpg

Користете кондиционер кој не се мие

Ова е продукт кој се нанесува на влажна коса и не треба да се мие, а е одличен доколку имате многу сува коса.

Исто така, овој кондиционер го олеснува чешлањето, што значи нема да ја оштетите косата со четката.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-09.jpg

Нанесувајте ги продуктите по правилен редослед

Кога ја миете косата, секогаш треба да почнете со шампон.

Потоа нанесете маска и оставете ја да делува минута-две. Маската треба да продре во влакното и да го потхрани, а за ова е потребно време.

Ако користите и регенератор или кондиционер, кои делуваат на површината на влакното, ставајте ги на крај.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава