Жешката вода ја суши, секојдневно миење ја уништува – Трикови за бујна и здрава коса

Немојте често да го менувате шампонот и масирајте го скалпот кога ја миете косата. Како правилно да ја миете косата за да ви биде бујна и здрава?

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-01.jpg

Не мора да користите многу скапи шампони, маски и слични продукти за да имате бујна и здрава коса.

Доволно е да обрнете внимание на миењето.

Како треба да ја миете косата за да биде здрава?

Масирајте го скалпот кога ја миете косата

Секогаш кога ја миете косата, нежно масирајте го скалпот барем минута-две.

Масажата ќе ја поттикне циркулацијата, а ова ќе ја подобри состојбата на косата. Истовремено, масажата и ќе ве релаксира.

Кога го масирате скалпот, важно е да не притискате силно бидејќи можете да ја оштетите косата.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-02.jpg

Немојте да ја миете косата секојдневно

Ако ја миете косата многу често, постои ризик да го намалите нејзиниот квалитет и да го исушите скалпот. Маслата што се лачат на косата се корисни и не треба да ги отстранувате секојдневно.

За да одредите колку често треба да ја миете косата, обрнете внимание на вашиот тип.

Обично витканата коса е посува, па најдобро е да ја миете еднаш, најмногу двапати неделно.

Ако имате права коса, која обично се мрси повеќе, можете да ја миете на околу три дена.

Фарбаната коса, пак, треба да се мие поретко, особено ако веќе имате сува коса.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-03.jpg

Добро навлажнете ја косата пред да нанесете шампон

Не е доволно само еднаш да поминете со тушот пред да ставите шампон.

Косата треба да биде целосно мокра за шампонот да биде поефикасен.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-04.jpg

Обрнете внимание на температурата на водата

Без разлика каква коса имате, избегнувајте да ја миете со жешка вода – високите температури ги сушат и косата и скалпот.

Ако имате фарбана коса, особено со подречлива боја, мијте ја косата со постудена вода. На овој начин бојата ќе ви трае подолго.

Доколку не сте фарбани, препорачливо е да ја миете косата со млака или топла, но никако жешка вода.

soveti-i-trikovi-za-mienje-za-bujna-i-zdrava-kosa-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава