Јога за лице: 3 вежби со кои ќе ги намалите брчките

Во нашата потрага по младешки изглед, сите сме пробале различни третмани за убавина и рутини за нега на кожата. Меѓутоа, во последниве години, традиционална јапонска практика се здоби со популарност поради нејзиниот потенцијал природно да ја подмлади кожата.

joga-za-lice-japonski-ritual-za-podignuvanje-na-opushtenata-kozha-001.jpg

Јогата за лице нуди нежен, но ефикасен пристап за борба против знаците на стареење без инвазивни процедури или скапи производи. Потекнувајќи од јапонската култура, каде ритуалите за убавина се длабоко вградени во секојдневниот живот, јогата за лице се пренесува низ генерации како природно средство за одржување на младешки изглед.

Оваа практика се фокусира на специфични вежби за лице и масажи дизајнирани за да ги тонираат мускулите, да ја зголемат циркулацијата на крвта и да промовираат здрав тен.

За разлика од конвенционалната јога која првенствено ги таргетира телесните мускули и зглобови, јогата за лице ја усовршува сложената мрежа на мускули на лицето, вратот и вилицата. Со ангажирање и зајакнување на овие мускули, љубителите на јога за лице веруваат дека може да се затегне опуштената кожа, да се намали појавата на брчки и да се врати младешкиот изглед.

Три вежби што ќе ви помогнат да го вратите младешкиот изглед:

Вежба 1

Седнете удобно со исправен 'рбет. Широко отворете ја устата, истегнувајќи го јазикот кон брадата. Истовремено отворете ги очите и погледнете нагоре.

Држете ја оваа поза неколку секунди, а потоа опуштете се.

Повторете ја оваа вежба три до петпати.

joga-za-lice-japonski-ritual-za-podignuvanje-na-opushtenata-kozha-03.jpg

Вежба 2

Насмевнете се колку што можете пошироко, додека усните држете ги затворени.

Ставете ги прстите на горниот дел од образите и нежно подигнете ја кожата нагоре. Држете неколку секунди, а потоа отпуштете го.

Повторете ја оваа вежба пет до десетпати.

joga-za-lice-japonski-ritual-za-podignuvanje-na-opushtenata-kozha-04.jpg

Вежба 3

Малку навалете ја главата наназад и погледнете кон таванот. Турнете ја долната вилица напред, чувствувајќи истегнување во предниот дел на вратот.

Држете неколку секунди, а потоа опуштете се. Повторете ја оваа вежба пет до десетпати.

joga-za-lice-japonski-ritual-za-podignuvanje-na-opushtenata-kozha-02.jpg

Ако имате какви било претходно постоечки здравствени состојби поврзани со лицето и вратот, консултирајте се со лекар. Истото важи и за започнување со какви било други вежби.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава