Како да се ослободите од сончевите дамки на лицето и како да спречите нови, според дерматолози

Кога кожата е изложена на сонце, нејзината природна реакција е да произведува меланин, кој помага да се блокира УВ зрачењето од дополнително оштетување на нашата ДНК и кожа. Но, дали знаеме доволно за дамките предизвикани од сонцето?

dermatolozi-spodeluvaat-kako-da-se-oslobodite-od-sonchevite-damki-na-liceto-i-kako-da-sprechite-novi-01.jpg

Меланинот е често причината зошто кога седиме на сонце подолго време нашата кожа станува исончана. Тоа е и причината зошто поединците со светла кожа лесно горат на сонце, додека оние со потемен тен имаат помала веројатност да изгорат.

Понекогаш, сонцето предизвикува нерамномерно зголемување на производството на меланин. Овој вишок меланин се собира и се „истура“ помеѓу клетките на кожата, давајќи изглед на темни дамки.

Д-р Шаса Ху, вонреден професор на одделот за дерматологија и кожна хирургија на Медицинскиот факултет Милер на Универзитетот во Мајами споделува:

„Она што ние го нарекуваме сончеви дамки всушност може да се две различни работи. Сончевите дамки се однесуваат на нешто што се нарекува лентигини, кои се предизвикани од кумулативното изложување на сонце. Односно, тоа е форма на оштетување од сонцето.

Другиот тип дамки се нарекуваат себореични кератози. Во раните фази, овие дамки изгледаат многу слично на сончевите дамки, но може да се зголемат со текот на времето. Себороичните кератози не се директно предизвикани од изложување на сонце. Тие повеќе го рефлектираат природниот процес на стареење. Затоа овие дамки може да се појават на делови од телото кои не се изложени на многу сонце, како пределот под градите.

Иако сончевите дамки и себореичните кератози се бенигни, добро е да ги следите сите нови дамки - особено ако тие се појават ненадејно и имате само една од нив“.

dermatolozi-spodeluvaat-kako-da-se-oslobodite-od-sonchevite-damki-na-liceto-i-kako-da-sprechite-novi-02.jpg

Што предизвикува сончеви дамки на лицето?

Како што кажаваме претходно, кога сте на сонце, вашата кожа произведува пигмент меланин за да се заштити. Но, тој процес не се случува секогаш рамномерно низ кожата.

Понекогаш, тоа се случува нерамномерно, што создава дамки. Овие дамки се појавуваат во 20-тите и 30-тите години, а стануваат почести со возраста.

Како да ги спречите дамките?

Освен што треба да користите крем со заштитен фактор, д-р Ху споделува дека продукти со овие состојки ќе ви помогнат исто така:

  • Ретинолот и ретиноидите, кои се деривати на витамин А, го зголемуваат обновувањето на клетките во кожата и го стимулираат производството на колаген.
  • Витаминот Ц помага да се осветли кожата и да се изедначи тенот.
  • Азелаичната киселина нежно ја ексфолира и ја осветлува кожата, што може да помогне да се изедначи тонот на сончевите дамки.
  • Којичната киселина е уште една состојка за осветлување која е особено корисна за справување со хиперпигментацијата.
  • Манделичната киселина делува како пилинг кој е пријатен за чувствителна кожа за да ги осветли темните дамки и оштетувањата од сонцето.

Ќе почнете да забележувате одредено подобрување во рок од 12 недели, но само ако редовно ги користите продуктите.

dermatolozi-spodeluvaat-kako-da-se-oslobodite-od-sonchevite-damki-na-liceto-i-kako-da-sprechite-novi-03.jpg

Кога треба да посетите дерматолог?

Ако сакате да ги отстраните дамките побрзо и немате трпение да користите различни продукти, тогаш можете да закажете ласерски третман.

Исто така, ако имате дамки кои имаат невообичаена форма, ве чешаат или крварат, итно треба да се консултирате со дерматолог за да спречите несакани кожни болести.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...

Најчитани неделава