Како да го забрзате растот на косата? Рецепти од природни состојки кои може да ги направите сами дома

Дали сте од оние луѓе кои пробале многу производи за брзо растење на косата, но сепак не сте задоволни? Можеби не сте наишле на добитната комбинација. Токму затоа ви претставуваме рецепти од природни состојки кои со сигурност даваат резултати.

kako-da-go-zabrzate-rastot-na-kosata-recepti-od-prirodni-sostojki-koi-moze-da-gi-napravite-sami-doma-01.jpg

Доколку не сакате да купувате производи со многу состојки, постојат природни производи, односно  масла кои можат да ви помогнат.

Постојат различни причини за опаѓање на косата како што се генетиката, хормонална нерамнотежа, габични инфекции на скалпот, стрес, автоимуни болести и недостатоци во исхраната.

Кога доаѓа до опаѓање на косата, тоа често нема директни физички ефекти врз вашето здравје, но емоционалното влијание може да биде значително.

Еве неколку рецепти за поттикнување на растот на косата кои може да ги направите сами дома:

Плакнење со оцет

Вашата коса има благо-кисел карактер, така што третманот со оцет нема да ѝ наштети - pH вредноста на косата варира од кисела 3,5 до неутрална 5,5, што значи дека алкалните производи за нега на коса имаат тенденција да ја нарушат рамнотежата.

Од друга страна, оцетот ѝ помага на косата да се врати на оптималната pH вредност, го враќа нејзиниот природен сјај и сила и ја прави помалку подложна на кршење, кршење и опаѓање.

Покрај тоа, ги отстранува и остатоците од производите за нега на коса кои буквално го „гушат“ скалпот и го забавуваат нормалниот раст на косата. За овој третман, треба да измешате една шолја оцет и две шолји вода и со добиената течност да ја исплакнете косата.

Напомена: Користете го како последно плакнење, по миењето со шампон. 

kako-da-go-zabrzate-rastot-na-kosata-recepti-od-prirodni-sostojki-koi-moze-da-gi-napravite-sami-doma-07.jpg

Лукот како природен лек за раст на нова коса

Лукот содржи калциум, цин и сулфур - хранливи материи кои влијаат на здравјето на вашата коса. Има и антимикробни својства кои помагаат да се уништат микробите и бактериите кои можат да го оштетат скалпот и да го спречат растот на косата.

Збогатен е со витамин Ц кој ја штити вашата коса од слободните радикали и го спречува проретчувањето и опаѓањето на косата.

Излупете 10 чешниња лук. Треба да добиете една лажица сок. Ако ви е потребно повеќе, користете повеќе чешниња.

Добиениот сок втријте го во скалпот со нежни движења на прстите

Оставете го овој природен лек за раст на косата да делува околу 15 минути. Потоа измијте ја косата со млака вода и шампонот што вообичаено го користите.

Лукот може да се комбинира со други состојки кои се одлични за раст на здрава и силна коса, како маслиново масло, рузмарин итн.

Маска од жолчки и маслиново масло

Богати со протеини, витамини и хранливи масни киселини, жолчките од јајце не само што ќе ја направат вашата коса помека, посјајна и поздрава, туку и ќе ја поттикнат да расте побрзо.

А, за да ги искористите сите придобивки од жолчката, измешајте две жолчки со 30ml маслиново масло, разредете ја смесата со околу 70ml вода и потоа темелно нанесете ја маската на скалпот. Држете ја маската 15 до 20 минути, а потоа исплакнете.

Напомена: Користете ја маската два до три пати месечно.

kako-da-go-zabrzate-rastot-na-kosata-recepti-od-prirodni-sostojki-koi-moze-da-gi-napravite-sami-doma-08.jpg

Рузмарин

Оваа моќна билка не само што ќе ја направи вашата коса мека, туку и ќе направи да расте побрзо. Ја храни и ја зајакнува косата, помага да се реши проблемот со проретчената коса и го стимулира скалпот. 

Рузмаринот содржи антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија кои помагаат за здрав раст на косата.

Утврдено е дека и маслото од рузмарин го стимулира растот на нова коса и може да се користи дури и за лекување на андрогена алопеција.

Во 300ml вода сварете две лажички суви листови рузмарин (претходно издробете ги) и смесата нанесете ја со прскалка на косата и скалпот, почнувајќи од врвовите.

Напомена: Користете ја оваа течнoст по шампонирање.

kako-da-go-zabrzate-rastot-na-kosata-recepti-od-prirodni-sostojki-koi-moze-da-gi-napravite-sami-doma-001.jpg

Маска од банана

Бананите се многу богат извор на калиум и витамини А, Ц и Е што ги прави совршен избор за домашен третман за раст на косата. Тие можат да помогнат вашата коса да расте побрзо и да биде поздрава.

Треба да испасирате една банана (или повеќе, во зависност од должината на косата) и да ја нанесете на косата и скалпот. Позрелите банани полесно се пасираат.

Откако ќе ја нанесете маската на косата, покријте ја со пластично ќесе над кое ќе ставите топла крпа (можете да користите и фен, за состојките што побрзо да се впијат). Исплакнете по десет минути.

Забелешка: Погрижете се да ја испасирате бананата што е можно подобро, бидејќи поголемите парчиња многу тешко се мијат од вашата коса.

kako-da-go-zabrzate-rastot-na-kosata-recepti-od-prirodni-sostojki-koi-moze-da-gi-napravite-sami-doma-10.jpg

Маска од јајца и јогурт

Комбинацијата од јајца и јогурт спојува две од најважните работи за една добра маска за коса.

Јајцата содржат белковини, а млекото – млечна киселина, кои се исклучително корисни за обновување на сувата и оштетена коса.

За оваа маска ви треба едно јајце, 60ml јогурт и 60ml мајонез. Започнете со мешање на јајцето и додадете го јогуртот, а потоа и мајонезот. Мешајте додека смесата не стане хомогена.

Добиената маска нанесете ја на скалпот и косата (сите влакна мора да бидат покриени).

Со оглед на тоа дека маската треба да остане на косата еден час, најдобро е да ставите пластично ќесе или капа за туширање, за да не капе. Кога ќе ја плакнете косата користете ладна вода и многу благ шампон.

Забелешка: Доколку редовно се применува оваа маска, косата ќе ви биде хидрирана и побрзо ќе расте. Јајцата се природен балсам, хидратантен производ и ја прават косата силна.

За најдобри резултати, се прави еднаш неделно.

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“ Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg