„Го пробав трикот за брзо смирување на наелектризираната коса со алуминиумска фолија – Какви беа резултатите?“

„Сè на сè, ми требаше само една минута за да ја средам косата, а резултатите беа видливи веднаш“ – вели девојката која го испробала трикот за брзо средување на наелектризираната коса со алуминиумска фолија, што вирално се шири на социјалните мрежи.

go-probav-trikot-za-brzo-peglanje-na-kosata-so-aluminiumska-folija-kakvi-bea-rezultatite-01.jpg

Како за една минута да ја средите разбушавената коса и да имате совршена фризура за на работа? Според девојките и жените на социјалните мрежи – ви треба само мало парче алуминиумска фолија.

Обично по миење голем број од девојките и жените се соочуваат со наелектризирана коса, која лета во сите правци и никако не може да се скроти.

Секој има различен начин на кој успева да ја среди фризурата.

go-probav-trikot-za-brzo-peglanje-na-kosata-so-aluminiumska-folija-kakvi-bea-rezultatite-03.jpg.jpg

На ТикТок, масовно се шири тренд за брзо средување на косата, а девојките се убедени дека алуминиумската фолија им помага брзо да се справат со наелектризираната коса.

Доволно е само да ги поминете проблематичните прамени со по едно парче алуминиумска фолија и да ја скротите фризурата.

Новинарката Џесика Харингтон вели дека го пробала трикот, а во статија за Pop Sugar открива какви биле резултатите.

„Трикот го пробав на четвртиот ден по миењето на косата, кога вообичаено мојата коса почнува да изгледа малку наелектризирано во коренот и на краевите.

Ми беа потребни неколку поминувања со парчето фолија, но кога направив споредба со другата страна од косата, разликата беше видлива.

go-probav-trikot-za-brzo-peglanje-na-kosata-so-aluminiumska-folija-kakvi-bea-rezultatite-02.jpg

Сè на сè ми требаше само една минута за да ја средам косата, а резултатите беа видливи веднаш. Иако ефектот траеше само околу еден час, сепак тоа беше доволно за да направам неколку добри фотки потоа“ – вели таа.

Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@sarahelsiee/video/7071945738996960518

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава