8 тајни на скандинавските жени благодарение на кои стареат грациозно

Избегнуваат „тешка“ шминка

Скандинавските жени се водат од мотото дека „помалку е повеќе“, па претпочитаат дискретна шминка и смирени тонови и нијанси наместо силна и впечатлива шминка.

8-tajni-na-skandinavskite-zheni-blagodarenie-na-koi-stareat-graciozno-07.jpg

Избираат природна козметика

Домашните, рачно изработени креми и маски се многу популарни во Скандинавија.

Бидејќи зимите во овие земји се екстремни, жените со генерации сами си подготвувале креми за да ја заштитат кожата.

Тие избираат и шампони на природна база, кои не ги сушат кожата и скалпот.

8-tajni-na-skandinavskite-zheni-blagodarenie-na-koi-stareat-graciozno-09.jpg

Го ладат лицето наутро

Иако во светот сè поголем замав зема ролерот со камен кој ја масира кожата и чија цел е да ги елиминира првите знаци на стареење на кожата, жените во скандинавските земји наутро го мијат лицето со студена вода.

Студената вода помага да се измазнат минималните брчки кои се појавуваат, ја намалува подуеноста на лицето и ги затвора широките пори.

Скандинавките ретко нанесуваат средство за чистење на лицето наутро, бидејќи веруваат дека кожата се регенерира додека спијат и создава природна заштитна бариера.

8-tajni-na-skandinavskite-zheni-blagodarenie-na-koi-stareat-graciozno-03.jpg

Користат мраз, наместо лепенки под очите

Додека жените во светот употребуваат лепенки за пределот под очите, скандинавските жени користат мраз и го масираат лицето.

Тие прават кружни движења од внатрешниот агол на окото кон веѓите.

Ова ја подобрува циркулацијата на крвта и ѝ дава на кожата природен сјај.

8-tajni-na-skandinavskite-zheni-blagodarenie-na-koi-stareat-graciozno-04.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...

Најчитани неделава