Убавина под нож: Турците полнат џебови пресадувајќи коса, Бразилците со хармонизација на лицето

Во последно време, Турција станат хит дестинација за пластични операции, пресадување коса и слично, во пакет со шопинг и посета на познатите локалитети. А, турските клиники функционираат и како туристички агенции, бидејќи не ја нудат само операцијата, туку „аll inclusive“ понуда, која вклучува сè - од летови, трансфери, луксузно сместување и нега по операциите, до тури и шопинг низ градот.

ubavina-pod-nozh-turcite-polnat-dzhebovi-presaduvajkji-kosa-brazilcite-so-harmonizacija-na-liceto01.jpg

Некои, сакајќи да изгледаат како модели, а други, мечтаејќи да ги избришат годините од лицето, сè почесто „одат под нож“ за брзи резултати - затегнати јаболчници, полни усни, слабеење без диети... Во последниве години, пластичните операции стануваат сè поголем и поголем хит меѓу оние кои бараат „експресна убавина“ и се подготвени да „искешираат“ големи суми пари за да го постигат посакуваниот изглед.

А, оние кои најмногу профитираат од пластичните операции, дефинитвно се Турците кои го открија бизнисот на „медицински туризам“.

Пациенти од целиот свет пристигнуваат во турските приватни болници за една од многуте операции, од популарното пресадување коса, до намалување на желудникот, операции на носот и модификации со силикони.

Хармонизација на лицето – хит во Бразил

Хармонизацијата е третман погоден за мажи и жени кои сакаат посиметрично лице и за оние кои сакаат да ги третираат своите брчки и темни кругови под очите.

Ова се неколку различни, минимално инвазивни естетски процедури кои, кога се комбинирани, носат симетрија и подмладување на лицето.

https://www.tiktok.com/@davidbeserra1/video/7282379018891005190

Бразилците и Бразилките се познати по опседнатоста со физичкиот изглед, со оглед на фактот дека 80 проценти од својот ден го поминуваат на плажа. Познати по своите провокативни задници, Бразилките често ги зголемуваат своите гради со силикони, а го следат и светскиот тренд на полни усни. Иако, некогаш, малку и претеруваат.

Абдоменопластиката уште од пандемијата е една од најбараните пластични операции во Бразил, за брзи стомачни мускули. Но, во последно време, и мажите и жените „полудеа“ по хармонизација на лицето.

Почнаа од славните личности, а сега банките дури и нудат кредити за оние кои сакаат да го хармонизираат своето лице.

Според податоците на Бразилското друштво за пластична хирургија, помеѓу 2014 и 2019 година, бројот на процедури за хармонизација на лице се зголемил од 72.000 на 256.000 годишно, земајќи ги предвид само процедурите кои се изведуваат на мажите. Ова е раст од 255%.

ubavina-pod-noz-brazilcite-poludea-po-harmonizacijna-na-liceto-a-turcite-polnat-dzebovi-presaduvajki-kosa-04.jpg

Процедурите како ботокс, филери и интрадермотерапии се фундаментални во хармонизацијата на лице. Сите овие процедури во комбинација ги омекнуваат изразите на лицето, ги „пеглаат“ брчките, ги отстрануваат флеките од лицето и ги исправуваат несовршеностите.

Цената на хармонизацијата на лице варира во зависност од техниките кои треба да се користат во процедурата. Просечната вредност во 2023-та се движи помеѓу 5.000 до 10.000 реали, што во денари би било од 58.000 до 116.000.

Но, има и хирурзи на кои некои бразлиските познати личности им имаат наплатено дури и 30.000 реали односно 348.000 денари.

ubavina-pod-noz-brazilcite-poludea-po-harmonizacijna-na-liceto-a-turcite-polnat-dzebovi-presaduvajki-kosa-05.jpg

Резултатите од хармонизација на лицето се видливи од една до четири години, во зависност од цената и методот.

И додека гордо ги претставуваат своите „испеглани“ лица на социјалните мрежи, мене сите тие ми изгледаат исто, како да се направени од ист скулптор. Она што, лично, ми е најчудно, е колку остро изгледа лицето по хармонизација.

Додека на мажите можеби им дава помоќен изглед, според мене, жените ги прави по груби и „покоцкасти“. Мене, најискрено, сите ми изгледаат „роботизирани“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...

Најчитани неделава