Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено

Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10 евра за блескава кожа. Со кои трикови за убавина светските ѕвезди постигнуваат совршен изглед?

limonada-za-kosata-kechap-za-sjaj-ednostavni-trikovi-so-koi-dzvezdite-sekogash-izgledaat-sovrsheno-01.jpg

Секоја жена има свои уникатни методи со кои се негува. Тоа може да бидат обични кремови, домашни маски или скапи препарати. Слична рутина имаат и познатите светски дами. Голем дел од нив користат производи кои се лесно достапни и не се многу скапи.

Кои се 9-те едноставни трикови на ѕвездите за секогаш да изгледаат совршено?

Џенифер Лопез - Спреј за блескава кожа од 10 евра

Џенифер Лопез е позната по својата прекрасна, блескава кожа, а за да го постигне тој ефект, таа користи спреј со заштитен фактор од познат норвешки бренд, кој чини околу 10 евра.

limonada-za-kosata-kechap-za-sjaj-ednostavni-trikovi-so-koi-dzvezdite-sekogash-izgledaat-sovrsheno-04.jpg

Марго Роби - Со четка за заби нанесува пудра на лицето

Една од најубавите жени на светот, Марго Роби, користи четка за заби за да ја нанесе пудрата на лицето.

Со четкичката таа нанесува дел од пудрата и на коренот за да создаде мазна транзиција меѓу челото и коренот на косата.

limonada-za-kosata-kechap-za-sjaj-ednostavni-trikovi-so-koi-dzvezdite-sekogash-izgledaat-sovrsheno-02.jpg

Џесика Алба - Совршена кожа околу очите

Џесика Алба е позната по тоа што секогаш има природна и деликатна шминка. Таа неодамна ја откри и тајната со која ги крие темните кругови од под очите.

Џесика најпрво ја хидрира кожата околу очите, а потоа нанесува шминка.

Таа прво става коректор кој е во иста нијанса со нејзината боја на кожата под внатрешниот агол на окото, а потоа нанесува коректор во посветла нијанса под надворешниот агол на окото. На крајот го сенчи окото со четкичка.

limonada-za-kosata-kechap-za-sjaj-ednostavni-trikovi-so-koi-dzvezdite-sekogash-izgledaat-sovrsheno-07.jpg

Кејт Хадсон - Моливче за веѓи

Актерката признава дека има чудна техника за боење на веѓите, но дека тие секогаш ѝ делуваат совршени по ова.

Кејт става две точки на веѓите во близина на носот (на двете веѓи по една точка), а потоа поминува со моливчето над веѓите. На крајот, ги влажни прстите и со нив ја размачкува бојата.

limonada-za-kosata-kechap-za-sjaj-ednostavni-trikovi-so-koi-dzvezdite-sekogash-izgledaat-sovrsheno-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...

Најчитани неделава